Хали Бери во куси кожени шорцеви и нова „необична“ фризура

Познатата актерка изгледа беспрекорно и во шестата деценија

Фото: Инстаграм/ Хали Бери

Хали Бери (52) ги воодушеви своите фанови со својата нова фризура со која се појави на премиерата на новиот филм во кој глуми со својот колега Кијану Ривс.

Убавата холивудска актерката која е позната по својата „pixie“ фризура на која и е верна веќе со години за премиерата на својот најнов филм „John Wick: Chapter 3 – Parabellum“ си поигра со малку ризичен тренд.

ADVERTISEMENT

Фото: Инстаграм/ Хали Бери

Имено, во прашање е интересен рез направен со машинка за шишање во задниот дел од главата, над вратот, кој актерката го покажа на нејзиниот профил на Инстаграм и ги воодушеви своите обожаватели.

Фото: Инстаграм/ Хали Бери

Ваквиот моќен рокерски детаљ познатата актерка го носеше со кожно издание составено од провокативно полупроѕирно сако-кошула со товорено деколте и шорц.

Фото: Инстаграм/ Хали Бери
Facebook Comments
(Visited 42 times, 1 visits today)