Фустанот и необичната пунџа со кои позираше Рашела Мизрахи се најубавото нешто што сме го виделе оваа недела

Рашела пред граѓаните се појави во преубав фустан

Фото: Принтскрин/ Фејсбук

Рашела Мизрахи пред граѓаните се појави во совршено издание со нова шик фризира и фустан со кој изгледаше одлично.

Фустанот изгледа како да е направен само за неа, во боја на сонцето, без ракави и со здолниште во А крој, кое се шири од половината надолу и е со должина до колената. Во прашање е креација со затворено деколте и со романтичен детаљ од тантела во задниот дел, со тесен крој во половината и широк во долниот дел, а Рашела го носеше во комбинација со елегантни високи потпетици во металик бакарна боја.

Таа носеше и маска, која е задолжителен детаљ заради епидемијата, а како изгледаше погледнете во продолжение.

Фото: Инстаграм/ Рашела Мизрахи

Покрај преубавиот фустан Мизрахи не освои и со преубавата фризура во стилот на холивудските диви.

Фото: Инстаграм/ Рашела Мизрахи

Боја што ја обожаваат познатите дами

Инаку, според најпознатите светски дизајнери жолтата боја е еден од водечките трендови за оваа летна сезона. И тоа важи за сите нијанси – од лимон нијансите, до бледата жолта боја која неодамна и се допадна и на војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон, а судејќи според коментарите на социјалните мрежи, и на нејзините бројни фанови од целиот свет.

Фото: Инстаграм/ Кејт Мидлтон

Познатите светски дизајнери веќе одамна ги преставија своите колекции на најважните светски ревии во Њујорк, Лондон, Милано и Париз, а токму жолтите нијанси се можеби и еден од најдобрите трендови со кои можеме да заблескаме по долгите карантински денови и депресивното расположение да го замениме со нешто весело и неодоливо.

Фото: Инстаграм/ Рашела Мизрахи

Впрочем така изгледаше и Рашела, која во ова модно издание е вистинско освежување на нашата политичка сцена.

Фустани во оваа боја одлично стојат на црнките, но и на русокосите, и се вистински избор ако сакате да емитувате позитивна енергија. Треба само да изберете модел кој стои убаво на вашето тело и да нафрлите широка насмевка на лицето. Впрочем тоа многу добро го знаат и дамите како војвотките Кејт Мидлтон и Меган Маркл, па дури и кралицата Елизабета II која исто така ја обожава оваа боја. Како тие изгледаат со неа, но и неколку модели од најпознатите брендови погледнете во продолжение.

Кејт Мидлтон во уште еден шик фустан во оваа боја

Еве како кралицата носи жолто

Меган Маркл во тесен фустан во оваа боја

Џенифер Лопез во едно од најубавите изданија

Преубав фустан со отворен грб

Sies Marjan – пролет/лето 2020
Ralph Lauren – пролет/лето 2020
Proena Schouler – пролет/лето 2020
Marc Jacobs – пролет/лето 2020

НАШИ ПРЕДЛОЗИ:

Oscar De La Renta
Oscar De La Renta
Gabriela Hearst
Gabriela Hearst
Reem Acra
Reem Acra
Reem Acra
Miu Miu
Reformation
Paul Joe
Facebook Comments
(Visited 5.993 times, 1 visits today)