Стил

Фотографиите ќе ги погледнете два пати – сопругата на Ковачевски блескаше кога се појави во црквата

Елегантно издание во какво не сме ја виделе досега

Елена Ковачевска, сопругата на премиерот Димитар Ковачевски, ги воодушеви сите со своето елегантно издание.

Таа за концертот во црквата „Свети Софија“ во Охрид, со кој започна дводневното одбележување на Денот на сесловенските просветители, Светите Кирил и Методиј, избра комплет од  една од најпознатите македонски модни креаторки, Тања Кокев.

Во прашање е комплет од плиш во темно сина боја, со црни детали, а кој Елена го заокружи со својата шик кратка фризура.

Фото: Инстаграм/ Димитар Ковачевски

Елена во ова издание не само што изгледаше убаво, туку покажа комбинација која е совршен моден збор за секоја дама, која има некоја посебна прилика во која би сакала да заблеска и да истави добар впечаток.

Фото: Инстаграм/ Димитар Ковачевски

Инаку, ова не е прв пат да ја видиме Елена облечена од глава до пети во модели на познатата македонска дизајнерка.

Фото: Инстаграм/ Димитар Ковачевски

Таа често избира да носи креации со нејзиниот потпис, а така беше и неодамна кога заблеска во преубавиот портокалов фустан.

Фото: Инстаграм/ Димитар Ковачевски

Елена тогаш избра фустан на преклоп и со долги ракави, од колекцијата на Кокев за есен/зима 2023 година, во кој исто така го „украде“ шоуто.

Фото: Инстаграм/ Димитар Ковачевски

Кројот на овој фустан е таков што горниот дел ја следи линијата на телото и започнува со суптилно деколте во „V“ израз, додека моделот од половината започнува лежерно да се шири во А крој.

Елена го носеше со црн ремен со кој дополнително го истакна струкот, а целото издание го зачини со кармин и маникир во црвена нијанса.

Фото: Инстаграм/ Димитар Ковачевски

Во продолжение погледнете уште едно прекрасно издание на госпоѓа Ковачевска во фустан од Тања Кокев, што таа го носеше на приемот кај Првата дама на Турција Емине Ердоган, во ноември минатата година, но и неколку други модели на нашата позната модна креаторка.

Фото: Инстаграм/ Димитар Ковачевски

Фото: Инстаграм/ Димитар Ковачевски

Фото: Инстаграм/ Димитар Ковачевски

Фото: Инстаграм/ Димитар Ковачевски

Фото: Инстаграм/ Димитар Ковачевски

Фото: Инстаграм/ Тања Кокев

Фото: Инстаграм/ Тања Кокев

Фото: Инстаграм/ Тања Кокев

Фото: Инстаграм/ Тања Кокев

Фото: Инстаграм/ Тања Кокев

Фото: Инстаграм/ Тања Кокев

Фото: Инстаграм/ Тања Кокев

Фото: Инстаграм/ Тања Кокев

Маркетинг

Поврзано

Back to top button