Фолкерот во непријатна ситауција- полицијата направи ЛОМ, гостите бегаа на сите страни!

Предминатата ноќ инпсекција упаднала во еден клуб во Босна и Херцеговина и ги растерала сите гости.

Во тој момент во клубот настпаувал фолк пејачот Радиша Трајковиќ – Џани, а иако се дозволени максимално 50 луѓе во затворен простор, на концертот имало над 500.

На концертот не биле почитувани пропишаните мерки за спречување од ширење на коронавирусот, поради што инспекцијата дошла, еве Џани што изјави по тоа:

– Јас и мојот музичар седевме, вечеравме, не ни очекувавме дека ќе има толку луѓе. Кога излегов бев во шок, ме сакаат, а и зажалија за се. Малку ми е незгодно, но не можам да направам ништо. Јас пеев повеќе од еден час, потоа дојдоа надлежните органи и рекоа: Прекинете и одма дома. Беше малку незгодно, кога некој ќе те избрка, им се обратив на публиката: „Ви се извинувам фамилијо, ќе се видиме брзо, кога ќе помине ова“, открива пејачот.

– Сега ја почитувам секоја мерка, маска секогаш, ако велат дека нема излегување, не излегувам никогаш. Не би сакал повторно да одам да работам, а да е забрането. Не носам никаква вина, не организирав јас, не ги повикав тие луѓе, но толку имаше алкохол што мислам дека нема да има заразени, додал тој.

Рекол дека неговиот син Милош нема да има свадбена венчавка додека не заврши епидемијата.

– На венчавката одиме ние како родители, родителите на невестата и кумовите, ако не може повеќе од пет луѓе, тогаш само малденицте и кумовите, ние ќе чекаме надвор.

Нема веселба. Треба да добијам внуче, да го добие презимето Трајковиќ. Нормално дека ќе организирам прослава кога ќе помине ова, прво ќе се напијам од среќа, мада пијам секој ден и вака и така, заклучил пејачот

(Visited 173 times, 1 visits today)