Филиче со добри вести – еве каква е моменталната состојба со коронавирусот и дали ќе се воведуваат нови мерки

Таман кога се чинеше дека коронавирусот стивнува и конечно може да здивнеме се појави Делта варијантата.

Новиот сој на коронавирусот кој стана доминантен во многу земји во светот се појави и во Македонија и засега има 10 пациенти кај кои е утврден индискиот сој.

Две од заразените лица се од Тетово, а како што ифоромираат од тетовскиот центар за јавно здравје тие се асимптоматски.

-Двете лица се од исто семејство и правеле ПЦР тест за да се вратат во Германија каде што работат и живеат, направен е ПЦР тест кој бил позитивен и откриен е делта сојот.

И покрај појавата на новиот сој на коронавирусот властите смируваат и велат дека нема место за паника, а добра вест е дека границите остануваат отворени.

Сите лица се во изолација и засега не се предвидени нови рестриктивни мерки

Министерот за здравство Венко Филипче рече дека нема да бидат затворени границите.

Тој нагласи дека засега нема најава за рестриктивни мерки на границите, но за евентуални промени и препораки ќе се разговара оваа недела на состанок на Комисијата за заразни болести. На состанокот ќе се зборува дало треба да се постават критериуми за влез на границите, но како што вели гледајќи го примерот во Грција тоа сепак не спречи да има пораст на новозаболени.

– Значи треба да се препорачаат мерки кои треба да бидат ефикасни. Во овој момент ситуацијата е мирна, нема голем број прегледи по болниците за пациенти суспектни на Ковид-19, така што во овој момент некакви рестриктивни дополнителни мерки што се однесува до функционирањето не се препорачани, рече министерот за здравство, Венко Филипче.

Тој најави дека ќе започне и вакцинација на деца од 12 до 15 години, а денеска откри дека планира да го вакцинира и своето дете.

Филипче тврди дека ќе го вакцинира своето дете за да даде пример дека вакцините против коронавирус се безбедни за децата.

– Има земји каде вакцинацијата на децата е задолжителна, односно нема да ги примат децата во училишта ако не се вакцинирани. Кај нас нема да биде задолжителна вакцината. Но, јас да, ќе го направам тоа – изјави Филипче.

Инаку во последните неколку дена нема регистрирани по-инати од коронавирусот, а денеска бројката на новозаразени е 19 нови случаи и тоа 11 во Тетово и 8 во Скопје.

Додека пак половина градови во Македонија се ковид-слободни, а Скопје е сè уште град со најмногу активни случаи.

(Visited 31 times, 1 visits today)