Филипче соопшти убави вести – ова се најновите информации

Според последните информации што ги сподели министерот Филипче нема новозаболени пациенти со коронавирус.

Тој соопшти дека утрово не се регистрирани нови заболени пациенти со коронавирус во земјата. Доцна синоќа, во рамките на скринингот, направени се тестови на 22 лица со поширока индикација. Сите 22 теста се негативни на вирусот.

ADVERTISEMENT

Бројката на заболени со вирусот во земјата во овој момент е 42 лица, соопшти министерот преку социјалните мрежи. Пациентите се стабилни и кај ниту еден нема влошување на состојбата.

„Сите 22 теста се негативни на вирусот. Бројката на заболени со вирусот во земјата е 42 лица. Пациентите се стабилни и кај ниту еден нема влошување на состојбата“ соопшти Филипче.

Во текот на денот епидемиолозите ќе работат на мапирање на контактите на пациентите кои вчера беа дијагностицирани на коронавирус, а на служба во Дебар, откако двајца доктори беа позитивни на вирусот, заминува педијатар од Скопје. Во авионите кои вчера пред затворање на аеродромот слетаа во Скопје немаше патници суспектни на оваа болест.

Сите патници се испратени во задолжителна само-изолација.

Казни од 200 евра за петмина битолчани

Петмина битолчани ќе платат глоби од по 2.000 евра, бидејќи не биле во изолација како што налагаат мерките од Владата.

Не само што излегле од своите домови, туку и се тепале со соседите, велат од Обвинителството.

Основното јавно обвинителство Битола поднесе Предлог за издавање казнен налог за пет лица, членови на семејство, кои сториле кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

„На обвинетите им била определена мерка за спроведување на задолжителна домашна изолација во траење од 14 дена по нивното пристигнување од Република Италија. Тие биле должни согласно издадените решенија од надлежните органи во периодот од 14.03.2020 година до 27.03.2020 година да бидат во домашна изолација и да не го напуштаат своето престојувалиште во Битола. На 18.03.2020 година, околу 12.00 часот, излегле од својот дом на улицата пред семејната куќа, вербално се расправале со соседите, по што двајца од обвинетите физички ги нападнале соседите и им нанеле телесни повреди“, велат од Обвинителството.

Додаваат дека со овие дејствија сите обвинети не постапиле по донесените прописи за време на пандемија-епидемија од глобални размери со кои се определуваат мерки за сузбивање или спречување на епидемијата на заразната болест предизвикана од коронавирус -COVID 19.“, се вели во соопштението од обвинителството.

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола поднел предлог за издавање казнен налог, со кој на Основниот суд Битола предложи на обвинетите да им изрече 100 дневни глоби, при што вредноста на една една дневна глоба да се определи во висина од по 20 евра во денарска противвредност, што е всушност по 2.000 евра.

Facebook Comments
(Visited 42.679 times, 3 visits today)
Loading...