Филиповска покажа совршена линија – во ова издание изгледа како холивудските диви
Блеска!
Популарната и една од омилените водителки Лила Филиповска често знае да ги запали социјалните мрежи со својот изглед.
Имено, таа редовно објавува фотографии, а никој не може да верува како успева да ја одржи својата убавина и на 48 години.
Така беше и овој пат кога одлучи да се фотографира додека свири на пијано. Шармантната водителка за оваа пригода имаше кратко црно фустанче со кое ги истакна нејзините нозе и бујното деколте.
Под фотографиите и видеото веднаш почнаа да се редат коментари како водителката изгледа совршено, а Лила благодарение на своето поприлично провокативно издание собра и голем број лајкови.
„Животот е како пијано – белите клавиши ја претставуваат среќата, а црните тагата. Но додека го живеете животот, запомнете дека и црните клавиши создаваат музика“, напиша Лила под нејзината фотографија.