Фејсбук го доживеа најголемиот пад во историјата – никој НЕ знае што се случува

ADVERTISEMENT

Што се случува со Фејсбук, Инстаграм, Месенџер?

Фејсбук конечно профункционира по најголемиот пад што му се има случено во историјата. Но, сé уште постојат проблеми, велат од „Си Ен-Ен“. Проблемите се случуваат веќе повеќе од десет часови со најголемата социјална мрежа. Тоа е веројатно најголемиот пад во историјата на Фејсбук.

ADVERTISEMENT

Фејсбук мораше да објасни што се случило преку Твитер. Тие не кажаа многу за тоа што навистина се случува, туку само нагласија дека ова не е хакерски напад.

 

ADVERTISEMENT

Исто така, големи проблеми сé уште имаат Instagram, WhatsApp и Messenger. Ова се апликации кои се во сопственост на големата корпорација на Фејсбук.

Првите проблеми започнаа вчера околу 17 часот по наше време кога сите овие апликации не функционираа целосно.

Иако Фејсбук беше вклучен цело време, многумина објавија проблеми со објавувањето. Проблеми, исто така, се случуваа и на Инстаграм. Корисниците не можеа да ја рефрешираат насловната или да објават слики. Исто така, насловната страна на Фејсбук Месенџер не сакаше да се вчита, а многумина објавија проблеми со ВатсАп, особено со поставување на слики во оваа апликација за конверзација. Дефектот е глобален, а мапите од „DownDetector“ покажуваат дека луѓето ширум светот имаат големи проблеми.

Што се однесува до Македонија, проблемите во моментов во главно се решени што можеме да го видиме и од следната мапа.

 

Но, тоа не значи дека нема да се појави повторно во текот на денот, велат упатените.

Инаку, последен пат Фејсбук имаше вакви големи проблеми во 2008 година, пишува БиБиСи. Но, тогаш Фејсбук имаше околу 150 милиони корисници, наспроти 2,3 милијарди, колку што има сега корисници од целиот свет.

Целата ситуација многумина ги потсети на старите добри времиња кога не знаевме за социјалните мрежи ни за ВатсАп, па и покрај нервозата многумина почнаа и да се шегуваат на Твитер на сметка на Фејсбук.

 

„Дали пробавте да исклучите и повторо да вклучите?“ им порачаа некои на вработените во Фејсбук кои вчера најверојатно го доживееја еден од најстресните денови на работа, додека некои други пак, се сетија на веќе одамна покојниот МајСпејс и неговиот основач Том – „Том ова никогаш не би ни го направил, ајде сите назад на МајСпејс “

 

 

 

 

Facebook Comments
(Visited 3.684 times, 1 visits today)

ADVERTISEMENT