Фаци реши да ги земе работите во свои раце, па по скандалот се огласи на Инстаграм и ги изненади сите со она што го сподели

Контроверзниот новинар Зоран Василевски во јавноста попознат како Зоки Фаци деновиве е многу актуелен во јавноста поради видеото на кое се гледа неговото лице, а кое почна да кружи на социјалните мрежи.

Својата кариера ја започнал уште многу млад, а за кратко време се стекна со голема популарност.

Она што малкумина го знаат е тоа дека Зоки по професија е ветеринар. По завршувањето на школувањето веднаш аплицирал да работи во Зоолошката градина во Скопје.

Животот му го променил еден оглас во весник, на кој се барало ветеринар да пишува статии за животни. Така започнала неговата новинарска кариера.

Фото: Инстаграм / Зоки Фаци

Зоки отксекогаш важел за голем рпофесионалец, а можност имал да прави интервју со најголемите ѕвезди од балканов.

Секогаш без влакна на јазикот и со директни прашања, тој важи за многу „незгоден“ новинар за соработка.

Фото: Инстаграм / Зоки Фаци

Него му успева да навлезе во приватноста и на оние јавни личности кои од петни жили се трудат да сокријат се. Без пардон знаел на познатите да им го каже во лице, и тоа пред камера, она за што другите немаа храброст, но токму затоа и многумина не го сакаат.

Зоки- Фаци од пред една година работи во маркетинг и го работи ПР-от на познато казино во Македонија.

Фото: Инстаграм / Зоки Фаци

Поради таа негова отвореност и директност, Зоран мораше да плати и цена. Имено пред 10-ина години беше начекан навечер пред неговата зграда од две маскирани лица и удрен со шипка во главата, а медиумите и истрагата подоцна тоа го третираа како обид за убиство!?

Фото: Инстаграм / Зоки Фаци

„Никогаш не го фатија сторителот, иако се шушкаше кој е во прашање, ама ете… Паднав во бесознание и кога се освестив, бев сиот облеан во локва крв, а ме најде соседот. Но, тоа не ме обесхрабри, јас продолжив емисијата да си ја работам со љубов и се’ што обајвував во неа беше вистина, иако жолтиот печат понекогаш знаеше тие настани да ги преувеличи“, раскажа Зоки своевремено.

Фото: Инстаграм / Зоки Фаци

Периодов голема прашина се крена поради кнтроверзната снимка, на која тој наводно е во „друштво“ на момче.

По нејзиното испливување во јавност, тој веднаш се огласи на Инстаграм и обвини дека тоа видео е монтирано.

„Не пријавив ради себе, туку за другите после мене, мене освен Бог неможе и нема право да ми суди. Никогаш не сум се правдал, оставам се во рацете на Бог еден и единствен“, напиша Зоки на Инстаграм.

Фото: Инстаграм / Зоки Фаци

Деновиве тој повторно се огласи и напишпа интересна порака.

„Случајот е во рацете на оделот за сајбер криминал, со парите од отштетата 5 души ќе летуваат на моја сметка на Малдивите“, напиша Зоки.

Фото: Инстаграм / Зоки Фаци

Каков ќе биде крајот на оваа драма останува да видиме.

Фото: Инстаграм / Зоки Фаци
Фото: Инстаграм / Зоки Фаци
Фото: Инстаграм / Зоки Фаци
Фото: Инстаграм / Зоки Фаци
Фото: Инстаграм / Зоки Фаци
Фото: Инстаграм / Зоки Фаци
Фото: Инстаграм / Зоки Фаци
Фото: Инстаграм / Зоки Фаци
Фото: Инстаграм / Зоки Фаци
Фото: Инстаграм / Зоки Фаци
Фото: Инстаграм / Зоки Фаци
Фото: Инстаграм / Зоки Фаци
Фото: Инстаграм / Зоки Фаци
Фото: Инстаграм / Зоки Фаци
Фото: Инстаграм / Зоки Фаци
Фото: Инстаграм / Зоки Фаци
Фото: Инстаграм / Зоки Фаци
(Visited 816 times, 1 visits today)