Фановите останаа во шок кога дознаа колкава плата земала Јована ЈОКСИМОВИЌ пред да добие отказ од телевизијата

Тие земале плата како да работат во Америка

Познатите водители Јована Јоксимовиќ и Срѓан Предојевиќ со заминување од српската телевизија „Прва“ не останаа само без својот деловен ангажман, туку и без 250.000 евра годишно, пишуваат српските медиуми

Имено, најплатената телевизиска двојка во оваа комерцијална телевизија заработувале по 20.000 евра месечно, што е 240.0000 евра на годишно ниво.

Како што пренесуваат медиумите, Прва и на еден друг водител од утринската програма му исплаќала по 10.000 евра месечно и кога биле на годишен одмор, а познато е дека одмарале од јуни до септември.

Како што пренесуваат српските медиумите, пред да дадат отказ, тие преговарале со конкурентските телевизии.

Како што објави весникот „Ало“, Срѓан и Јована наводно во тајност преговарале со Пинк телевизија, а наводно биле видени и на јавниот сервис од исти причини. Но како што пишува весникот, откако им кажале колку пари бараат, тие ги испратиле да се вратат онаму од каде што дошле.

Но кога се вратиле на Прва тие веднаш биле известени дека таму повеќе нема место за нив и дека статусот ѕвезди веќе не важи.

Јована и Срѓан одлучија да ја тужат Прва истакнувајќи дека се повредени нивните авторски и сите други права, а одговорните во телевизијата во која до скоро работеа имаат спремен одговор на сите нивни напади, открива извор за „Ало“ кој раскажа дека против водителите заради непочитување на работата дисциплина „Прва“ има многу материјал.

(Visited 1.486 times, 1 visits today)