Фановите бесно реагираа и ја обвинија Меган дека го уништи кралското семејство – шок во Британија поради Мегзит!

Британците главниот виновник за повлекување на принцот Хари и Меган од кралското семејство го гледаат во војвотката од Сасекс.

Нивната одлука да се повлечат од сите кралски должности како дел од кралското семејство и да се преселат во Северна Америка ги изненади сите, а посебно Британците. Ова предизвика бурни реакции и на социјалните мрежи, а многумина ја обвинуваат Меган Маркл, па дури ваквиот неочекуван потег на брачниот пар доби и свое име според неа – МЕГЗИТ (Megxit).

И додека едни ја подржаа нивната одлука, други жестоко ги критикуваа, особено Меган дека го оддалечува Хари од кралското семејство.

„Меган Маркл го уништи кралското семејство“, пишува една револтирана корисничка на социјалните мрежи.

И познатиот британски водител Пирс Морган ја критикуваше Меган и ја обвини за поделби во кралското семејство.

„Многумина велат дека сум премногу критичен кон Меган Маркл, но таа го остави своето семејство, својот татко, повеќето свои стари пријатели, ги раздели Хари и Вилијам и сега Хари го раздели и од кралското семејство“.

Но покрај критиките, има и такви кои покажаа малку повеќе поддршка за младиот кралски пар.

„Хари се грижи за Меган. Само сака да ја заштити. Да не заборавиме, тој ја изгуби својата мајка и не сака да ја изгуби и сопругата“, „Хари и Меган не треба да бидат во кралското семејство, тие можат и сами да преживеат. Тие се среќни кога се заедно. Затоа, зошто да го трпат сето тоа кога можат да заминат и да живеат како што сакаат“, коментираат оние кои застанаа во одбрана на војвотката.

Инаку, веќе некое време кружат гласините дека Меган и Хари не се среќни во Британија и дека планираат да се отселат далеку од кралското семејство и од таквиот начин на живот. Се шпекулираше и дека им се нарушени семејните односи и дека Меган и кралицата Елизабета не се согласуваат баш најдобро. Тие сега самите потврдија дека ќе се преселат во Канада, дека сакаат да бидат финансиски независни и да живеат под други услови.

„По долго размислување и дискусии, одлучивме оваа година да направиме голем чекор и животот да го продолжиме на нова локација. Сакаме да станеме финансиски независни и да не зависиме од кралицата, но и понатаму ќе ја поддржуваме во се’. Чувствуваме дека сме спремни да започнеме нов живот. Времето ќе го минуваме на релација Канада- Велика Британија, продолжувајќи да ги почитуваме сите должности што ги имаме кон кралицата. Ваквиот начин на живот ќе ни овозможи да балансираме помеѓу кралскиот живот, почитувајќи ја традицијата во која се роди и современиот живот.“

„Така ќе биде воспитуван на најдобар начин“, гласеше нивното соопштение.

(Visited 771 times, 1 visits today)