Уште една разделба која тешко и падна на Весна Бејби – замина најважниот маж во нејзиниот живот, таа остана со солзи во очите!

Нејзините деца ѝ се најголемото богатство, мотивот и инспирацијата за да продолжи да се бори и разделувањето од нив ѝ паѓа исклучително тешко.

Македонската актерка Весна Бејби Петрушевска од бракот со бизнисменот Јанко има две деца, Мина и Кирил.

Весна е посветена мајка, која масимално се дава себеси во таа животна улога.

Активна е на социјалните мрежи, каде често споделува фотографии од своето семејство, но и од професионалните ангажмани.

Фото: Инстаграм / Весна Петрушевска

Македонската актерка Весна Петрушевска сега има нова голема причина за славење, а со нејзината емотивна порака трогна многумина.

Мина тргна по нејзините стапки глумеше во тинејџерската серија „Гласна куќа“, а има и во детскатата театарска претстава „Нашата љубов“.

Фото: Инстаграм / Весна Петрушевска

Кирил пак, се одлучи да замине од Македонија. Тој сега живее во Хјустон кај неговиот татко, каде го продолжи своето образование.

Првата разделба од него ѝ падна многу тешко на водителката, па напиша и емотивна порака. Таа откри дека неправдата и системот во Македонија ја зголемиле желбата на Кирил да замине.

Фото: Инстаграм / Весна Петрушевска

„Броиме ситно со Кирил кој ќе оди во Хјустон за да заврши гимназија и факултет. Тој е едно од децата кои сакаат да го освојат светот. Безброј пати го прашував дали е сигурен и секогаш без двоумење одговара потврдно. Немам подобра опција да му понудам во овие луди времиња. Не прашувајте, срце ми се кине. Убав на мајка. Го гушкам, плачам ко некоја задушна баба секој ден, а он ми вика: „Мамо, мислев yмpeл некој, ме исплаши“, напиша Весна на својот Фејсбук профил.

Фото: Инстаграм / Весна Петрушевска

Полнолетството Кирил го прослави во Америка, далеку од мајка му и сестра му.

„Кирил наполни 18 години. Се обидувам да се насмеам и навистина сум среќна за него, знаејќи дека е во добри раце кај татко му во Хјустон. Нормално сум досадна зборувајќи му да учи, да се запише на добар универзитет, да си фати женска. Демек сум кул и ок. Тој стана полнолетен дечко.
Се сеќавам на чевличката која ја носеше во Битола, два броја помали па имаше некое раниче на малото прсте.Отидовме да купиме нови чевли во Пеко (природно Битола) и продавачката ме прашува: ‘Ваш е?’. Ја погледнав со насмевка и одговорив: ‘Највеќе е мој’. Златен на мајка ми фали ама знам дека ќе успее. Кики те сакам колку сите зрнца во песокот“, напиша Бејби на „Фејсбук“.

Фото: Инстаграм / Весна Петрушевска

Кирил одлучи да ја изненади својата мајка, па летово дојде 3 недели да ги помине со неа.

Сепак, за една мајка овој период е многу малку.

Фото: Инстаграм / Весна Петрушевска

Таа деновиве повторно мораше да се збогува од своето чедо.

„Летнаа 3 недели“, напиша Бејби во опис на фотографијата на која е со Кирил и ќерката Мина.

Фото: Инстаграм / Весна Петрушевска
Фото: Инстаграм / Весна Петрушевска
Фото: Инстаграм / Весна Петрушевска
Фото: Инстаграм / Весна Петрушевска
Фото: Инстаграм / Весна Петрушевска
Фото: Инстаграм / Весна Петрушевска
Фото: Инстаграм / Весна Петрушевска
Фото: Инстаграм / Весна Петрушевска
Фото: Инстаграм / Весна Петрушевска
Фото: Инстаграм / Весна Петрушевска
Фото: Инстаграм / Весна Петрушевска
Фото: Инстаграм / Весна Петрушевска
Фото: Инстаграм / Весна Петрушевска
Фото: Инстаграм / Весна Петрушевска
Фото: Инстаграм / Весна Петрушевска
Фото: Инстаграм / Весна Петрушевска
Фото: Инстаграм / Весна Петрушевска
Фото: Инстаграм / Весна Петрушевска
(Visited 3.284 times, 1 visits today)