Уште една позната дама брутално претепана од својот сопруг – и ја скршил вилицата и јаболчната коска, па завршила во болница!
Рејчел Остовиќ важи за една од најубавите жени во ММА спортот, а деновиве беше брутално претепана во Хонолули, и тоа само два месеци пред една од најважните борби во кариерата.
Како што пренесуваат медиумите, оваа дама која се натпреварува во рамките на УФЦ завршила во болница со тешки и сериозни повреди, а меѓу останатото искршена и е јаболчната коска. Напаѓачот најверојатно е некој од нејзиниот најблиско опкружување.
https://www.instagram.com/p/Bp9QeoKAwYt/
Полицијата во Хаваи овој инцидент го окарактеризираше како „семејно насилство“, а дали напаѓачот е нејзиниот 27 годишен сопруг или друг член на семејството, се уште не е познато иако медиумите веќе шпекулираат дека тоа сопругот кој исто така е борец. Имено, таа е омажена за колегата Арнолд Бердон и заедно имаат ќерка Руби Роуз.
https://www.instagram.com/p/Bp04HqRh096/
Официјалните претставници на 27 годишната Рејчел се уште се немаат огласено во врска со овој инцидент.