Утре е Свети Василиј Велики: За да не ве бие малер, не заборавајте да го направите ова!

Според Светото Писмо, Исус Христос ги зел врз себе гревовите на човечкиот род, а чинот на обрежување се смета за знак на чистење од првобитниот грев.

Во записникот на владиката Николај Велимировиќ се вели дека „Христос го прими човечкото тело врз себе и ја издржа болката од гревот“.Според историјата и традицијата на црквата, Свети Василиј се повлекол во 379 година, на возраст од 50 години. Живеел во времето на Царот Константин, кој ја официјализирал слободата да се залага за христијанска вера.

ADVERTISEMENT

Се верува дека на денот на Свети Василиј нема потреба да се расправате, затоа што во спротивно луѓето ќе бидат принудени цела година тоа да го прават, додека во некои делови се верува дека треба да бидете особено претпазливи да не бидете измамени. И ако врне снег годината ќе биде родна.

Осмиот ден после раѓањето, Христос бил однесен во храмот и обрезан. Во Стариот завет со тоа се запечатувала припадноста на народот наследник на Божјите ветувања. Обрезанието инаку е праслика на тајната на крштението и како такво има значење и во новозаветната Црква. Овој празник се празнувал уште во првите векови на христијанството.

Утре се слави и свети Василиј Велики, кој се упокоил на овој ден. Тој е еден од тројцата најголеми црковни учители од четвртиот век. Родум бил од Кападокија, завршил школа во Атина. Бил голем христијански филозоф, а се прославил и како епископ и заштитник на чистотата на православното учење.

Поради совпаѓањето со празникот на Свети Василиј овој празник во народот најчесто е познат како Василица, а тоа најповеќе асоцира на обичаите и верувањата поврзани со Новата Година. Василица се паѓа во периодот на т.н. Некрстени денови, период што трае од Божик до Водици.

Овој ден именден празнуваат: Васил, Василка, Васка, Весела, Веселинка, Веска, Нове, Новка…

 

 

 

Facebook Comments
(Visited 2.218 times, 1 visits today)
Loading...