Успешен естетски хирург ставил кокаин на својот полов орган и ја предозирал швалерката
Германецот Андреас Нидербихлер, естетски хирург, и Ивон биле во врска. Ивон размислувала да го напушти својот сопруг поради лекарот.
Др. Андреас Дејвид Нидербихлер (43) беше осуден во Магдебург на девет години затвор за смртта на Ивон М. (38), неговата љубовница, која почина после орален секс со него во февруари минатата година, објави „Дејли мејл”.
„Тој вети дека ќе ја излекува, а сега таа е мртва. Нашата ќерка беше убава и беше негова пациентка. Тој два пати ја оперираше нејзината тетива“, изјави таткото, кој имал два удара по смртта на својата ќерка.
„Морам да размислувам за нешто друго , бидејќи во спротивно ќе полудам. Ако таа загинеше во несреќа ќе можев многу полесно да се носам со целата ситуација, но оваа е многу потешко“, вели тој.
Кобната вечер се случила во неговиот стан во Халберштат, во близина на Хановер. Хирургот ставил кокаин пред орален секс на пенисот, но не ја известил Ивон за тоа. По оралниот секс, на нејзе и се слошило. Хирургот ја однел во најблиската болница, но покрај сите напори Ивон починала од предозираност.
За време на судењето, се покажа дека хирургот и претходно, во неколку наврати помеѓу 2015 и 2018, тајно ги дрогирал своите партнери со ставање кокаин врз пенисот, па дури и ги дрогирал во шампањ.
Пред трагедијата, тој беше познат како успешен естетски хирург и водеше неколку клиники.