Улична продавачка и удри шлаканица на полицајката и ја нокаутираше

Некои ја критикуваа, но некои застанаа на нејзина страна

Принтскрин

Во Белград на пазарот во една населба се случи инцидент во кој улична продавачка удри комунална полицајка.

Снимката од настанот брзо се прошири низ социјалните мрежи, а јавноста е поделена а чија страна да застане.

Како што се гледа на видеото, жената се обидува да ги спакува работите во куфер, зборувајќи дека си оди дома „бидејќи има мали деца“. Но откако ќе и паднат работите на земјата и ќе се извалкаат, таа ќе опцуе и ќе тргне кон жената во униформа и ќе ја удри. Таа ќе и удри силна шлаканица која многумина ќе ја окарактеризираат како нокаут.

Но како што се слуша во видеото, некој зборува Нека остане тука додека не дојде полиција и се слуша заканување со отказ, но жената во меѓувреме избега, без куферот.

Полицајката остана на нозе, но во следниот момент падна. Жената што стоеше во близина викна, „Фатете ја“ и се гледа како еден маж трча по продавачката, додека жената остана да лежи на асфалтот, со лицето кон бетонот.

„Можеше да ја предупреди и да ја пушти да си замине, па ако го повтори прекршокот да ја казни, а не да ја влече и сопира. Се гледа дека комуналната полицајка не е обучена за употреба на сила, а за госпоѓата секоја чест за нокаутот“, пишува во еден од коментарите на социјалните мрежи.

(Visited 337 times, 1 visits today)