Убавицата Аделина Тахири заљубена до уши!!!

Бракот на Аделина и Серјожа крена прашина бидејќи таа е Албанка, а тој Македонец.

И покрај бројните предрасуди Аделина во една прилика одговори: „Кога принцот на Англија ја прифати Меган Маркл без никакво прашање и одговор, зошто треба да е нашата љубов драматична. Ние сме нормални луѓе, живееме во околина каде е нормално да се има таков брак, живееме во држава каде има и Албанци и Македонци.

Таа на Инстаграм, има околу 400.000 следбеници, Аделина објавува различни слики од нејзината дневна рутина. Деновиве убавицата од Македонија објави две убави глетки на Инстаграм. Во едната слика се гледа со нејзиниот сопруг, Серјожа Марков. Над прекрасната слика со нејзиниот сопруг, Тахири напиша „Затоа што те сакам тебе “, пренесува rtv21.

ADVERTISEMENT

Аделина Тахири во декември 2017 година се омажи за македонскиот адвокат Серјожа Марков, со кого има син. Ова е втор брак за нејзиниот избраник, во јавноста познат како поранешен адвокат на Сашо Мијалков и брат на сопругата на Иво Котевски. Пред пет години Марков беше избран за Почесен конзул на Република Молдавија во Република Македонија.

Фото: Инстаграм

Facebook Comments
(Visited 662 times, 1 visits today)