Убава русокоса Албанка го прогласи Улцињ за албански град – Црногорците веднаш ја распнаа на Твитер, па таа реши да „исчезне“

Нејзиниот коментар предизвика бура од реакции

Се извинувам, но јас сум во најубавиот албански град, не можете да ме убедите во спротивното. Ова го напиша една млада и атрактивна Албанка која живее и студира во Америка, а која беше на летување во Црна Гора.

ADVERTISEMENT

Таа се фотографираше во летно фустанче на една плажа во Улцињ и под фотографијата го напиша коментарот за нејзиниот роден град со кој предизвика голем револт кај Црногорците.

Следуваа бројни бесни коментари во кои Црногорците и пишуваа дека Улцињ се наоѓа во Црна Гора, а не во Албанија.

Но на Илиријана очигледно и се допаднале ваквите коментари, па таа реши дополнително да провоцира.

„Реакциите на овие фотографии се чудни. Географски е во Црна Гора, го гледам и го знам тоа. но градот е албански, се во него е напишано на Албански“, без двоумење напиша Албанката, но потоа поради бурата од реакции реши да го избрише својот профил и да „исчезне“ социјалните мрежи.

Facebook Comments
(Visited 765 times, 1 visits today)