Убава вест: Ќе ни биде дозолено да излеземе за продолжениот викенд

На денешната владина седница донесена е одлука за ограничување на движењето на граѓаните на територијата на целата држава за време на првомајските празници.

 

На 1, 2 и 3 мај, односно петок, сабота и недела, ќе биде дозволено движењето на граѓаните од 05 часот наутро до 14 часот. Забраната за движење во целата држава ќе почнува во 14 часот и ќе трае до 05 часот наутро следниот ден.За лицата над 67 годишна возраст, во петок, сабота и недела ќе биде дозволено движење од 05 часот наутро до 11 часот.Сите деца и млади лица до 18 години, во петок, сабота и недела ќе може да излегуваат од 12 до 14 часот.Остануваат на сила сите други мерки за заштита од Ковид-19 донесени од Владата на Република Северна Македонија, соопшти премиерот Оливер Спасовски.

СЗО: Светот требаше да ги послуша нашите предупредувања за коронавирусот

Светот требаше да ја послуша Светската здравствена организација, која предупреди за вирусот Корона уште на крајот на јануари, изјави во понеделникот извршниот директор на Тедрос Адханом Гебрејсус.

Иако САД остро ја критикуваа СЗО поради бавните реакции на ширењето на коронавирусот, нејзиниот главен директор Тедрос Гебрејесус уште еднаш застана во одбрана на својата работа.

„Државите сами одлучуваат да ги применуваат мерките или не“, рече тој.
Коментирајќи ја политиката на олабавување на рестриктивните мерки за кои се залагаше бразилскиот претседател Јаир Болсонаро, во време кога земјата сè уште не го достигна врвот на пандемијата, СЗО немаше мандат да ги принудува државите да ги спроведат нивните препораки.

Потоа нагласи зошто светот требаше да ги послуша препораките на СЗО:„Светот требаше внимателно да го послуша СЗО затоа што глобалната криза започна на 30 јануари, кога беа заразени првите луѓе надвор од Кина и немаше мртви“, рече Тедрос на прес-конференција во Жeнева.

“На целиот свет му препорачавме да го примени глобалниот пристап на подрачјето на здравството. Рековме дека треба да ги идентификуваме пациентите, да ги тестираме, да ги изолираме и да откриеме со кого биле во контакт. Земјите што ги слушале тие препораки се во подобра позиција. Ова е факт”, рече Тедрос и додаде дека тоа покажува колку е важно е да се слушаат препораките на СЗО.

„Секоја земја можеше да ги воведи тие мерки во јавното здравство. Мислам дека доволно јасно тоа покажува колку е важно да се слушаат препораките на СЗО“; истакна тој.Пандемијата од новиот коронавирус покоси повеќе од 206.000 луѓе во светот откако изби во Кина, во декември минатата година.

Facebook Comments
(Visited 89 times, 1 visits today)