Убавата, сиромашна Нарин од турската серијата „Милост“ остана без НАЈГОЛЕМАТА љубов во нејзиниот вистински живот!
Голема трагедија за целото семејство
Тежок период за турската 41 годишна актерка Озгу Намал (41) која се прослави со улогата на Нарин во серијата „Милост“. Своевремено ја гледавме во оваа популарна серија во која што ја играше главната улога.
Таа деновиве поминува низ многу тежок период бидејќи нејзиниот сопруг, Ахмет Сердар Орал, кој беше 12 години постар од неа го изгуби животот.
Дека нешто не е во ред со Ахмет наводно забележале неговите деца – синот Нефес и ќерката Елем Су.
Но кога виделе дека нивниот татко лежи на подот, веќе било доцна. Бpзата помош пристигнала, но не можеше ништо да сторат. Заради пандемиските мерки, само околу 20-на луѓе биле присутни на cпpoводот, а Озгу не можела да дојде на последното испраќање бидејќи била пcихички во многу лоша состојба и здравјето нагло и се влошило.
На гpoбиштата испратила цвеќе со емотивна порака на која пишувало „Мојот единствен сопруг и татко“.
„Таа е многу лошо, не може да поверува дека ова се случува. Неутешна е, но знае дека мора да продолжи заради децата кои исто така се уште се во голем шок и не можат да поверуваат дека нивниот тако повеќе не е со нив“, изјави извор близок до семејството, пренесе „Стори“.
Инаку, актерката се прослави во 90-тите, пред се со серијата „Affet bizi hocam“ како и со главната женска улога во мафијашката серија „Kurtlar vadisi“ од пред 15 години кога стекна статус на мега ѕвезда. Но таквиот статус и донесе и проблеми, па некое време се соочуваше со депресија, но од сето тоа се спасила, како што самата вели, со љубов.
„Љубовта многу ми значи и мислам дека луѓето треба да се сакаат. Верувам дека срцето секогаш треба да го надгласи разумот. Не можам лесно да се предадам на некој, се плашам да не бидам повредена“, изјави таа и додаде:
„Јас сум типичен хороскопски Јарец, склона сом кон подолги врски и сако такви сакам“, изјави убавата актерка во една пригода која својот сопруг секогаш го нарекувала најголема љубов во нејзиниот живот.
И во популарната серија „Милост“ љубовта за неа беше најважна!
Турската серија Милост, која пред неколку години се даваше на нашите телевизии беше една од најгледаните во тоа време.
Во приказната за Нарин и Фират покрај Озгу (инаку позната и како Ѓулу од серијата Имотот на дамата) глумеше и Ибрахим Челикол (Џемал од „Ифет“). Нарин е млада девојка која живее во сиромашен кварт, заедно со семејството, а нејзиниот татко Реџеп е алкохоличар без работа, кој често го малтретираше своето семејство. Од тие причини единствената желба на убавата Нарин беше да замине од дома и да стане успешна жена која ќе застане на свои нозе.
Нејзиниот татко бара од неа да работи и носи пари кои што ќе може да ги троши на алкохол. Таа има сестра која ја поддржува во тоа што работи и има брат кој е заробен во оковите на традиционалните вредности и кој го подржува својот татко дека Нарин треба да го напушти училиштето и да најде работа. Нивната мајка Хатиџе со цел да не се наруши мирот и традицијата, застанува на страната на сопругот и синот, а Нарин, девојка за која никој нема силна, се обдува да биде силна и одлучна во тие тешки околности.
Но нејзиниот живот се менува откако ќе дознае дека е примена на правниот факултет во Истанбул. Таа го напушта семејството и го остава минатото зад себе, а во големиот град се запознава со богатата Дениз, со која станува најдобра пријателка и која и помага во животот.
По неколку години Нарин ќе стане успешна адвокатка и се чини дека нејзиното големо пријателство со Дениз ништо не може да го наруши.
Но работите се менуваат кога во Истанбул ќе се врати сестрата на Дениз, Ирмак, со својот вереник Фират. Тој е љубовта на Нарид од нејзините школски денови, оној кој одамна го освоил нејзиното срце и оној што се уште го сака.