Турунџиева во кocтим за капење ги „зaпaли“ социјалните мрежи- на фигурата може да и позавидат многу помлади девојки
Насмеана и секогаш полна со позитивна енергија, а од неодамна многумина ја нарекуваат и добра вила.
Македонската водителка Сузана Турунџиева е синоним за храброст, борбеност и упорност.
Долги години е на македонската јавна сцена, а откако се запозна со Атиџе таа донесе само убавини и позитивни работи во нејзиниот живот.
Освен што се занимава со музика, Сузана е и писателка која за само четири години има објавено десет книги.
Иако веќе влегува во шестата деценија, Сузана може да се пофали со витка става на која може да и позавидат многу помлади девојки, а сега и го докажа тоа.
Имено Сузана објави фотографија во костим за капење додека се разладува на базен, а изгледа барем 15 години помлада од тоа што всушност е.
Сузана е доста активна на социјалните мрежи каде често споделува фотографии со нејзината најдобра пријателка Атиџе на која се обидува да и помогне и да и обезбеди пристоен живот.
Во интервју за „Магазин“ на Сител ТВ, Турунџиева вели дека од самиот старт нивните енергии се споиле.
Сузана тогаш раскажа дека на Атиџе и е потребна клима, но дека таа во моментот не е во состојба да и купи, па затоа апелираше доколку е некој во можност да го направи тоа.
– Јас не сум во некоја финансиска благосостојба, да можам да ѝ го сменам нејзе животот на многу подобро, зборувам од аспект на тоа да ѝ обезбедам животни услови, бидејќи и јас сум таа што ги нема во моментов. Јас сум еден самохран родител, кој живее под кирија, кој живее од една плата, и немам ништо на свое име. Но, јас имам огромна желба да го правам светот подобро место за живеење, и онолку колку што можам да ги обединувам добрите луѓе“, рече Сузана и додаде.
„Ако се најде јунак нека помогне, бидејќи е навистина многу жешко да се седи дома во овчеполијата која е многу жешка“ рече Сузе.
Не помина долго од апелот на Сузе и се најде јунак кој и овозможи на Атиџе да има клима во скромниот дом.
„Екипата на терен си ја заврши својата работа. Климата – подарок од големата душа Елена Солаков, започна да го лади скромниот дом на хероината од Медена земја, а ние сме преблагодарни затоа што Бог не сака, чува и ги услишува нашите молитви
Ви благодариме прекрасни луѓе, кои на кој било начин бевте и останувате дел од нашата мисија“ напиша Сузе.
Тие двете неодамна снимија и песна заедно, а насмевките на нивните лица кога се заедно кажуваат сè за тоа колку двете дами се сакаат и почитуваат.