Турскиот Аполон со македонски корени ги освои и Италијанките – РОМАНТИЧАРОТ ќе го симне од тронот и згодниот Бали-бег!

Џан Јаман е прогласен за најубав турски актер и за него велат дека може да му ја загрози славата и на Бали-бег.

Фото: Инстаграм/ Џан Јаман

Но покрај својот неодолив шарм, во врска со него постои уште нешто што е многу интересно и заради што им е омилен на многу дами од Македонија.

Во прашање е „вонсериски“ фраер, кој со актерство почна да се занимава потполно случајно, откако ќе го наговорат пријателите. По професија е правник, кој случајно ќе вплови во актерските води и кој на ова место за многу брзо време ќе се пронајде самиот себеси.

Тој е познат и по неговите контроверзни изјави што го следат за целото време во текот на неговата не толку долга кариера.

Фото: Инстаграм/ Демет Оздемир

Џан се прослави со улогата во хит серијата „Романтичарот“ каде со својата партнерка Демет Оздемир вплови и во љубовна романса. Како што пишуваа тогаш турските медиуми, страста меѓу згодниот Џан и убавата Демет се роди на снимањето на 20 -та епизода, но нивната врска остана тајна се до самиот крај кога шармантниот турски актер престана да молчи и призна дека со Демет се гледал и приватно.

Фото: Инстаграм/ Џан Јаман

Но неговата изјава дека меѓу актерите мора да се развие хемија за да се оствари успех, наиде на бројни критики од страна на неговите колеги, па младиот и неискусен Џан беше „осуден“ од колегите во шоубизнисот.

Фото: Инстаграм/ Џан Јаман

Што се однесува до Демет, таа деновиве за Џан ќе изјави:

„Имаме одличен однос со Џан Јаман, тоа беше одлично искуство кое ни донесе слава и на двајцата. Му посакувам успешна кариера и понатаму Ние сме пријатели, тој човек е полн со вредности, кого го сакам многу, иако не се гледаме многу често што поради различните обврски што поради новите правила што ни ги наметна пандемијата. Тој е личност за која многу се грижам“, изјави таа при гостувањето во шоуто на италијанскиот Канал 5.

Фото: Инстаграм/ Џан Јаман

Инаку, Демет, односно симпатичната Синам од „Романтичарот“ претходно ја следевме во улога во слатките приказни за „Наследници“ и „Мирис на јагоди“, а сега повторно ја гледаме во „Романтичарот“.  Таа во оваа популарна турска комедија глуми девојка со необичен шарм чие срце ќе биде освоено од бунтовниот богаташ Џан,

Фото: Инстаграм/ Демет Оздемир

Од друга страна постојат и сомневања дека тие се сé уште во врска и дека не се само пријатели. Иако и двајцата го негираат тоа, Џан неодамна беше виден како излегува од куќата на Демет, па некои турски медиуми објавија дека тие наводно ја продолжиле врската, но тоа го кријат.

Фото: Инстаграм/ Џан Јаман

Турски Аполон со македонски корени

Џан има македонско потекло, односно неговата баба по мајка е Македонка, што дополнително ги краде симпатиите кај нашите гледачи, особено кај припадничките на понежниот пол.

Роден е во Истанбул, но долго време живеел во Америка каде студирал, но сега неговиот дом е Турција. „Семејството на моите родители се емигранти од Југославија. Баба ми од страна на татко ми е Македонка. Ние одамна живееме во Истанбул и нашето семејство е семејство на адвокати “, изјави тој за еден од најпознатите турски портали.

Фото: Инстаграм/ Џан Јаман

На прашањето какви жени му се допаѓаат, тој вели дека нема одреден тип на жени, туку дека го привлекува нејзината аура, душата, нејзината смисла за хумор. Го привлекуваат жени што се смеат на женствен начин. Според него оние што не поседуваат ce*сyaлнa енергија се многу несреќни…

Фото: Инстаграм/ Џан Јаман

„Тоа за мене е важно како и за секој здрав човек. Во хороскоп сум Шкорпија, тоа е една од карактеристиките на овој знак“ изјави Џан во една пригода за „Хуриет“.

Фото: Инстаграм/ Џан Јаман
Фото: Инстаграм/ Џан Јаман
Фото: Инстаграм/ Џан Јаман
Фото: Инстаграм/ Џан Јаман
Фото: Инстаграм/ Џан Јаман
Фото: Инстаграм/ Џан Јаман
Фото: Инстаграм/ Џан Јаман
Фото: Инстаграм/ Џан Јаман
Фото: Инстаграм/ Џан Јаман
Фото: Инстаграм/ Џан Јаман
Фото: Инстаграм/ Џан Јаман
Фото: Инстаграм/ Џан Јаман
Фото: Инстаграм/ Џан Јаман
Фото: Инстаграм/ Џан Јаман
Фото: Инстаграм/ Џан Јаман
Фото: Инстаграм/ Џан Јаман
Фото: Инстаграм/ Џан Јаман
Фото: Инстаграм/ Џан Јаман
Фото: Инстаграм/ Џан Јаман
Фото: Инстаграм/ Џан Јаман
Фото: Инстаграм/ Џан Јаман
Фото: Инстаграм/ Џан Јаман
Фото: Инстаграм/ Џан Јаман
(Visited 2.898 times, 1 visits today)