Трите најголеми чуда што се имаат случено во последно време во Македонија

Можете слободно да кажете: „Верувам дека Бог може да го направи невозможното”, а сепак да не бидете во можност да ги прифатите чудата на Господ за себе, поради нашите сомнителни срца.

Најголемото чудо во Христијанската црква е Воскресението христово. Два милениума подоцна, науката нема одговор за ова најголемо чудо, кое денес е темел на христијанската вера. Но не е само животот, раѓањето и воскресението на Исус чудо што се случило и во кое што веруваат православните верници. Досега низ историјата се случиле многу, за науката и природата необјасниви појави.

ADVERTISEMENT

Ваквите појави Црквата ги дефинирани како чуда. Тие во религијата се толкуваат како порака. Еве некои од нив што се случиле во Македонија:

Мироточење на иконата на Пресвета Богородица

Црквата во скопското село Трубарево е позната и по тоа што и во неа се има случено чудо. Имено, верниците кои што ја посетуваат оваа црква пред неколку години имаа прилика да се уверат во веродостојноста на мироточението на иконата на „Пресвета Богородица“. Кога ќе се случи тоа, свештениците со памук ги допираат капките миро на иконата и им го даваат на верниците да го носат дома за здравје.

Ова е едно од последните чуда што се имаат случено во Македонија, а кое што беше потврдено и од страна на МПЦ. Мироточење од икони имало и во минатото, но порано тоа не предизвикувало толку големо внимание во јавноста како што тоа беше случајот пред три години, кога веднаш по неделната утринска литургија се појавија капки на иконата.

Чисти фрески во црквата „Свети Димитириј“

Неколку години претходно се случи и неверојатното чистење на фреските во црквата „Свети Димитрија“ во Скопје кое исто така предизвика големо внимание во јавноста. Овие фрески со години не се гледаа бидејќи на нив се таложел чадот од свеќите и кандилата. Но постепено, тие сами од себе повторно го добија својот стар изглед, односно осветлија и црната боја сама од себе исчезна. Фрескоживописот се очисти сам од себе, па така за само неколку минути фреските и ореолите на светците и ангелите добија боја како тукушто да се насликани. На некои делови од фреските црвената боја стана толку јака што личеше како светците да крвават.

„Само уште во една црква во Русија, била евидентирана ваква појава. Во православната вера, се случуваат чуда. Бог ни праќа порака дека треба повеќе да се вртиме кон духовното, а не кон материјалното“, изјави отецот Зоран за медиумите кога се случи ова чудо по утринската литургија по повод Цветници

Свештениците велат дека некои од иконите се стари 100 години, а некои се направени по земјотресот во 1963 година. Според историски податоци, црквата „Свети Димитрија“ постоела уште во средниот век. Во 1690 година била напуштена, а од 1886 до 1896 година била обновена, проширена и повтрно осветена. Во некои периоди црквата била катедрална и во неа била сместена и скопската митрополија. Во дворот на црквата се наоѓа гробот на првиот поглавар на МПЦ-ОА, г.г. Доситеј, а пред неговиот надворешен источен ѕид е гробот на г.г. Ангелариј.

Лековитото масло од гробот на Гаврил Лесновски

Дека Бог постојано прави чуда, говори и настанот што се случи на првиот ден Велигден во манастирот “Св. Гаврил Лесновски“ во Лесново, пред четири години, кога 13-годишно девојче од Кочани, по промислата Божја и по молитвите на отец Гаврил Светогорец, чудесно се излекува од болест и од тешката состојба во која се наоѓало. Таа повторно проодела по молитвата и помазување со маслото од гробот на епископот Гаврил Светогорец. Нејзините родители биле изнемоштени од нападите и болките кои ги имала нивната ќерка. Дошле во манастирот барајќи ја последната надеж.

Гробот на епископот Гаврил Светогорец се наоѓа зад плаштаницата во црквата. Тоа место сега е најбарано од посетителите. Веднаш до гробот на отец Гаврил се наоѓа и гробот на неговиот татко, отец Кирил, кој по смртта на мајката на Гаврил дошол во црквата и се замонашил заедно со синот.

Отец Гаврил станал духовен отец на својот биолошки татко.

Facebook Comments
(Visited 3.460 times, 1 visits today)