Трета среќа за шеф Никола: Познатиот готвач сподели убава вест на социјалните мрежи: „На свет ни дојде уште една принцеза!“
Еден од најдобрите, но и најпознатите готвачи во Македонија, стана татко по вторпат, односно третпат!
Никола Мишковски или по познат како шеф Никола, од познатото кулинарско шоу на Сител, „Брза кујна“ доби уште една ќерка.
Имено неговата сопруга Стефанија се порои и на свет донесе женско бебе.
Веста на социјалните мрежи ја сподели токму шеф Никола.
„На свет ни дојде уште една мала принцеза. Фала ти Стефанија што ми го направи толку среќен и исполнет животот. Ве сакам“ напиша тој на Фејсбук.
Честитки пристигнуваа од сите страни за среќната двојка.
Никола и неговата убава сопруга Стефанија стапија во брак во 2019 година и истата година добија ќеркичка.
Денес Дарија има речиси две години, а веќе стана дада.
Никола важи за еден од најдобрите готвачи и работи во елитен ресторан, додека пак секој работен ден го гледаме во друштво на шеф Марк во „Брза Кујна“ кој неодамна направи свадба токму во елитниот ресторан каде што работи Никола па јавно му се заблагодари на својот колега на Фејсбук.
Никола, гастрономското уживање подготвено и послужено од тебе и твојот тим ја комплетираше магијата на нашиот ден! Искрена благодарност на тебе и целиот тим на Камник“ напиша Марк и постави фотографија од него и неговата сопруга Василка.
Во 2019, на почетокот на месец јули шеф Никола и неговата сопруга Стефанија ставија потпис во матично и официјално нивната љубов ја крунисаа со брак.
Наместо класична свадба направија журка за која долго време се зборуваше. По ова заминаа на меден месец, а во септември неговата невеста се породи.
Инаку, ова е втор брак за Никола. Тој претходно беше оженет со Маја, со која има син.
Така за Никола ова е трета среќа, нека им е жива и здрава ќеркичката!