Треба да одите на свадба, но не знаете што да облечете? Погледнете ги НАЈУБАВИТЕ фустани од најпознатите продавници во Македонија
Треба да одите на свадба, а не знаете што да облечете?
Оваа есен многу парови го изговорија своето судбоносно „да“, што е потполно разбирливо бидејќи до скоро свадбите беа забранети заради епидемијата, па многумина ги одложија за „подобри“ времиња.
Но кога станува збор за есенскиот период, бидејќи времето е посвежо, на сцената настапуваат нови, малку поинакви венчаници од оние летните, а тоа се однесува и за креациите што ги носат гостинките на овие свечености.
И секако дека на многу дами што треба да посетат некоја свадба во овој период од годината омилен избор им се фустаните.
Во зависност од тоа какво време очекуваме, можеме да ги носиме со мантил, сако па дури и со капут, а исто така бидејќи станува збор за преодниот период можеме да избереме модел со долги или кратки ракави.
Покрај тоа паметно избран фустан за есенска свадба може да го носите и во разни други пригоди, како свечени така и оние помалку свечени.
Па, доколку треба да одите на свадба во следниве неколку недели и барате идеален фустан за вас кој не мора да го носите само на вакви посебни пригоди, погледнете ја галеријата и побарајте го моделот што ви се допаѓа.
Во нашата галерија издвоивме 15-на модели кои можете да ги носите и откако ќе заблескате на најубавиот ден кај вашите пријатели или роднини, а кои се дел од новите колекции на најпознатите брендови кај нас.
Па, драги наши читателки, уживајте во разгледувањето…
Reserved
Ad Twenty
Mango
Yas Zalando
Zara
Zara
Zara
Zara
Zara
Zara
Zara
Mango
Mango
Mango
Mango
Mango
H&M
H&M
H&M
H&M
H&M