Трагедија во Тел Авив: зад евровизиската сцена се случувала вистинска драма – еден од вработените го изгуби животот!

Трагедијата се случи за време на подготовките

Не обвинуваме никого, но како е можно на еден таков настан, каков што е Евровизија, со толку вложени пари, надзор и безбедност да се случи нешто толку страшно, се прашува синот на Фулди Шварц на кој му се случи тешка несреќа за време на фестивалот и го изгуби животот.

ADVERTISEMENT

Фулди Шварц (66), возач на камион, се повредил во понеделникот на 13 март кога врз него паднал дел од рефлекторите додека ја носел опремата. Веднаш бил префрлен во болницата во Тел Авив, но состојбата набргу му се влошила. Во раните утрински часови подлегнал на повредите. Неговата сопруга и синот се сомневаат во мерките на безбедност на Евровизија, пренесува „Times of Israel“

Не обвинуваме никого во овој момент, но како е можно на толку голем настан, каков што е Евровизија, со толку вложени пар, надзор и обезбедување да се случи нешто толку страшно, се прашува синот на Фулди, Ерез.

Полицијата и властите во Израел покренаа службена истрага во врска со несреќниот случај. Почетните резултати покажаа дека со опремата за расветлување не се постапувало според прописите, пишува „IQ Magazine“, па најверојатно тоа е и причината поради која дошло до несреќата.

Организаторите на Евровизија изјавија дека жалат поради загубата на семејството и дека соработуваат со властите.

Инаку, персоналот и работниците во бекстејџ цело време се изложени на голем ризик од сериозни повреди на работното место, пишуваат странските медиуми.

Facebook Comments
(Visited 12.710 times, 1 visits today)