Торта на пет ката, забава со Џеј на првиот роденден на синот на пејачката Аделина (фото)

Аделина и Серјожа Марков организираа гламурозна роденденска забава за својот син Јон.

Популарната пејачка Аделина Тахири и нејзиниот сопруг познатиот адвокат Серјожа Марков направија гламурозна роденденска забава за својот син Јон. На првата роденденска забава присуствуваа голем број на нивни пријатели, роднини, но и познати фаци од домашниот џет сет.

ADVERTISEMENT

За музиката и доброто расположение бил задолжен Џеј Рамадановски кој допатувал во Скопје специјално за овој повод. .За Јон имаше торта на пет ката, богата трпеза и скапо шампанско.

Пејачката пред две години му кажа “да” на скопскиот адвокат Серјожа Марков со кого беше скоро една година во врска. Познатиот адвокат нејзината рака ја побара во Виена.Инаку, ова ќе биде втор брак за Марков кој е брат на сопругата на Иво Котевски.

Атрактивната албанска пејачка често позира во провокативни изданија, и неретко на социјалните мрежи објавува фотографии кои изобилуваат со луксуз. Присутна е на сцената со години наназад.

Фото: Истаграм

Facebook Comments
(Visited 462 times, 1 visits today)