Реклама
Наши ѕвезди

Тијана во ова потполно неочекувано издание ги изненади фановите- погледнете како изгледа пејачката без трошка шминка

Реклама

 

Популарната пејачка објави фотографија без трошка шминка и ја поддржа својата колешка.

Маркетинг

Во последно време се поретко може да се видат жени без шминка, па затоа секоја ваква објава е вистинско изненадување.

Прва тоа го направи пејачката Кристина Ковач,а потоа една таква објава имаше и нашата Тијана Дапчевиќ која застана во одбрана на својата колешка Кристина Ковач.

Маркетинг

Имено Кристина објави фотографија заедно со својата ќерка, а на фотката таа е во целосно природно издание. Без филтер, шминка или што било на неа, па веднаш следеа критики.

Фотографијата предизвика бројни реакции. Имено, фотката на која таа се смее и гушка со ќерката, наиде на сурови коментари на сметка на физичкиот изглед.

По неколку дена молк, таа се огласи и им порача на жените да бидат природни и да не се срамат од брчките.

„Дури и на сон не можев да се надевам на таков одговор од убави жени – стари, млади, мајки, ќерки, сестри, пријатели, од целиот регион. Сите нас не обединува таа една, многу важна работа – да не се согласуваме да бидеме изложени на потсмев, обесени на столб на срамот, прогласени за неуспешни, грди, запоставени – ако не сме на секоја фотографија, во секој момент со фризура, убаво нашминкани, уредни, испеглани …“, напиша на својот Инстаграм профил.

Таа додаде дека целта не е некој да плука по жени кои избираат пластична хирургија, ботокс, филери, шминка до врвот, облека, нега, бидејќи тоа е нивно апсолутно право и слобода“, како што е и правото на други жени да изгледаат како што сакаат.

„Не е целта да не се шминкаме, сликаме или средуваме и никој не рече такво нешто. Целта е медиумите и општеството да разберат дека имаме право и слобода да гледаме како што сакаме во даден момент. Ако сме опуштени со децата на одмор, разбушавени од топлиот ветар на Хвар, со видлив сив израсток на коса, пеги и уште позабележлива насмевка, тогаш, те молам!“, истакна Ковач.

Потенцираше дека нејзината цел не била да се одвојат жените на „пластични“ и „природни“.

Повеќе нејзини колешки ја поддржаа, а една од нив беше и нашата Тијана.

Тијана објави фотографија во исто така природно издание и ги изненади своите фанови.

Фото: Инстаграм/ Тијана Дапчевиќ

„Природна жена. Љубов за Кристина Ковач“ напиша Тијана која заслужува почит за ваквиот гест

Иако Тијана важи за жена која го негува својот природен изгледа и ретко употребува јака шминка ваквиот гест е секако за почит, а мора да се напомни дека во секој случај изгледа преубаво.

Фото: Инстаграм/ Тијана Дапчевиќ
Фото: Инстаграм/ Тијана Дапчевиќ
Фото: Инстаграм/ Тијана Дапчевиќ

Тијана неодамна се пофали со своето затегнато тело и нова фризура.

Тијана беше на диета со која успеа да симне вишокот килограми, па сега фановите и порачаа дека отишла во минус толку што ослабела.

Фото: Инстаграм/ Тијана Дапчевиќ
Фото: Инстаграм/ Тијана Дапчевиќ

Таа е во брак со Милан Дапчевиќ го имаат синот Вук со кој ужива и се гордее.

Пејачката објави и фотографија во костим за капење и уште еднаш потврди дека навистина работи на себе и дека никогаш досега не изгледала поубаво.

Фото: Инстаграм/ Тијана Дапчевиќ
Фото: Инстаграм/ Тијана Дапчевиќ
Фото: Инстаграм/ Тијана Дапчевиќ
Фото: Инстаграм/ Тијана Дапчевиќ

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button