Тешкиот живот на убавата Турчинка што ја освои публиката во МАКЕДОНИЈА – толку била сиромашна што немала ни за леб

Шармантната актерка ја освои цела Македонија

Фото: Инстаграм/ Демет Оздемир

Познатата турска актерка Демет Оздемир во новата серија „Dogdugun Ev Kaderindir“ глуми силен женски лик, па деновиве на својот профил на социјалните мрежи сподели неколку фотографии од снимањето.

Таа во серијата глуми со актерот Ибрахим Челикол, кој во серијата го глуми ликот Мехди, а во продолжение можете да видите и како атрактивниот актер и нејзин колега изгледа додека вежба јога со Седа Делиормани.

Ибрахим Челикол со Седа Делиормани

Инаку, актерката уште додека глумеше во серијата „Романтичарот“ заедно со колегата Џан Јаман, во медиумите се шушкаше дека е во врска со него. Таа во популарната турска комедија ја глумеше необичната Санем чие срце беше освоено од бунтовниот богаташ Џан, а до неодамна се шушкаше дека тие се гледаат и се во врска и во приватниот живот.

Фото: Инстаграм/ Демет Оздемир

Но овие информации не се докажани, а Демет исто така повеќе сака да молчи за својот љубовни живот.

Таа неодамна во врска со тоа даде многу јасна изјава кога на водителката Силвија Тофанин, во популарната емисија Вересимо во Италија, беше запрашана за нејзиниот љубовен живот.

Фото: Инстаграм/ Демет Оздемир

Таа одговори на сите прашања, но и даде јасно до знаење дека не е во врска со нејзиниот колега Џан.

Фото: Принтскрин

„Во моментот немам никој. Имам свои фанови што ме сакаат“, одговор убавата турска актерка.

Оздемир очигледно не сака да открива детали од нејзиниот приватен живот, а турските медиуми упорно се обидуваат да откријат дали шармантната актерка има некој во приватниот живот или навистина е соло.

Фото: Принтскрин

Која е Демет?

За 28-годишната актерка во последно време многу се зборува како во Турција така и во сите земји во кои се гледаат сериите во кои шт0 глуми таа. не ретко можеме да прочитаме разно-разни шпекулации за нејзиниот љубовен живот, па така покрај тоа дека наводно во врска со Џан, нејзиното име во изминативе недели го поврзуваа и со пејачот Мурат Боз, но нејзиниот семеен живот од детството e тоа што најмногу ја заинтересира јавноста во Турција.

Актерката пред да дојде во Истанбул била сведок на семејно насилство од кое нејзината сестра избегала од дома.

Таа и нејзината сестра имале проблем од нивниот татко со кого живееле во мало гратче во кое била и родена.

Таа потекнува од типично селско семејство.

Нејзината сестра ќе се регистрира во една модна агенција, без да знае нивниот татко, и откако ќе ја добие својата прва понуда, настануваат и проблемите. Таа тогаш имала 19 години, а Демет само 8, но и покрај тоа што се уште била мала, го скроила планот како нејзината сестра да замине за Истанбул, да се појави на снимањето и никој да не го забележи тоа.

„Првата работа на сестра ми беше насловна во списание. Потоа следуваше понуда за спот на Мустафа Сандал „İsyankar“ вели таа.

Кога дознал таткото започнале и проблемите. Со денови поминале заклучени во соба, а потоа во еден момент заедно со нивната мајка ќе заминат во Истанбул. Нивниот татко нема да дојде со нив и веднаш ќе се прежени, а како што вели Демет, тоа што се тргнал од нивниот пат беше најголемата услуга што тој можел да ја направи за нив.

Фото: Инстаграм/ Демет Оздемир

„Не сме се сретнале со години, но неодамна постигнавме мир. Но, никогаш не помислив дека не мрази или сака. Едноставно е премногу тврдоглав“, вели Демет.

Демет во Истанбул дошла со нејзините мајка и сестра.

Фото: Инстаграм/ Демет Оздемир

Нејзината сестра и помагала на почетокот, но откако се омажила, и тоа за богат човек, Демет останала сама со мајка и. Во еден момент трпеле и за храна, па во потрага за парче леб решила да почне да се занимава со танцување.

„Имав 16 години и одеднаш решив да танцувам, но мојата висина беше мала и бев 63 кг. Ми рекоа дека треба да имам 51-52 кг или дека нема да можам да танцувам. Работев вредно, јадев само салата секој ден, правев пилатес и ослабев 11 кг за еден месец“, раскажува таа.

Потоа во неа ќе се роди желбата да стане актерка, и благодарение на талентот, нејзиниот сон ќе се оствари.

Фото: Инстаграм/ Демет Оздемир

Со улогата во „Романтичарот“ таа стана една од најпознатите и најбараните актерки во Турција.

Фото: Инстаграм/ Демет Оздемир
Фото: Инстаграм/ Демет Оздемир
Фото: Инстаграм/ Демет Оздемир
Фото: Инстаграм/ Демет Оздемир
Фото: Инстаграм/ Демет Оздемир
Фото: Инстаграм/ Демет Оздемир
Фото: Инстаграм/ Демет Оздемир
(Visited 6.224 times, 1 visits today)