Терористот непосредно пред масакрот го објави својот манифест – еве што пишува во него

ADVERTISEMENT

Во нападот на џамијата во градот Крајстчерч во Нов Зеланд загинаа најмалку 49 лица, а повеќе од 20 се повредени, според последните информации објавени од страна на полицијата на Нов Зеланд.

Полицијата уапси четири лица, а меѓу нив е и терористот

ADVERTISEMENT

Убиецот кој на Фејсбук се претставува како Брентон Тарант, на истaта социјална мрежа во живо го пренесуваше масакрот.

Тој на социјалните мрежи објави фотографии од своето оружје, но и манифестот на кој се повикува. Се верува дека Тарант на 73 страници напишал противимигрантски манифест во кој објаснува кој е тој и кои се причините за неговите постапки, пишува „The Telegraph“.

Тарант за себе вели дека има 28 години и дека е роден во Австралија, но дека по потекло од Шкотска, Ирска и Англија, и дека привремено се преселил во Нов Зеланд за да го испланира и спроведе терористичкиот напад. „Ги прочитав стиховите на Дилан Роуф и многу други, но вистински ме има инспирирано само Андерс Брејвик“, вели тој.

ADVERTISEMENT

Тарант во својот манифест го споменува, а како што пренесува „Washington Examiner“, белиот супернацистички слоган познат под името „14 зборови“ и за мигрантите кои немаат бела кожа вели дека се натрапници и „освојувачи”. Во прашање е слоганот кој на англиски јазик има четиринаесет зборови: „We must secure the existence of our people and a future for white children” (Ние мора да ја обезбедиме егзистенцијата на нашиот народ и иднината за белите деца).

Фото: Принтскрин/Твитер
На оружјето можат да се види амблемот на злогласната СС дивизија „Принцот Еуген“ чии припадници вршеа злосторства во Босна и Херцеговина и Србија за време на Втората светска војна. Покрај ова може да се прочита и името на Стефан Лазар – српскиот кнез Лазар Хребељановиќ (1329-1389) кој загинал во бојот на Косово Поле, како и името на многу други историски личности и битки кои во минатото се бореле против продорот на исламот во Европа.

Понекогаш терминот „14 зборови” се мисли и на реченицата „Because the beauty of the White Aryan woman must not perish from the earth” (Убавината на белите ариевски жени не смее да исчезне од земјата). Паролите првично се совпаднаа со белиот супремацист Дејвид Лејн, еден од основачите на Терористичката организација „The Order“.

Фото: Принтскрин/Твитер

Пред три месеци го избрал ова место

Тој откри и дека нападот го планирал околу две години и додаде дека одлучил тоа да биде Крајстчерч пред три месеци.

„Нападот на Нов Зеланд ќе го насочи вниманието на вистинскиот напад на нашата цивилизација, дека веќе никаде на светот не е сигурно, дека освојувачите ги населиле сите наши земји, па дури и најдалечните предели и дека повеќе нема каде да се оди, а кај што е сигурно и каде што нема масовна имиграција“, пишува тој во својот текст.

Премиерката на Нов Зеланд, Јасинда Ардерн, го опиша напаѓачот како екстремно десничарски насилен терорист.

Facebook Comments
(Visited 1.231 times, 1 visits today)

ADVERTISEMENT