Реклама
Наши ѕвезди

Темелков со емотивни зборови за својата мајка од кои на многумина ќе им се насолзат очите (фото)

Пејачот покажа колку си ја сака својата мајка

Реклама

Поранешната македонска „Гранд ѕвезда“ Александар Темелков имаше убава причина за прослава која што сакаше да ја сподели со сите.

Имено, младиот пејач кој се прослави во популарното талент-шоу шоу „Ѕвездите на Гранд“ во медиумите повеќе пати досега има истакнато дека најголема поддршка добива од семејството, а откако се ожени и од сопругата со која сега и двајцата уживаат во родителството.

Но сега пејачот имаше посебна причина да се обрати до својата мајка, па објави семејна фотографија и напиша:

Маркетинг

„Среќен роденден мамо, да си ни здрава и жива уште 100 години“, напиша пејачот под фотографијата направена во нивниот дом на која покрај него и славеничката се и помалата сестра и бебенцето, како и роденденската торта со свеќи во форма на бројот 45.

Маркетинг
Фото: Инстаграм/ Александар Темелков

Темелков на овој начин јавно и го честиташе роденденот, а неговата емотивна објава ги воодушеви неговите следбеници.

Фото: Инстаграм/ Александар Темелков

Еве една фотка и со сопругата

Потсетуваме, Александар заедно со неговата сопруга Сара се остварија во улога на родители во јануари оваа година.

Фото: Инстаграм/ Александар Темелков

Тој оттогаш неколку пати има објавено фотографии од нивниот наследник кој го доби преубавото македонско име Мите.

Фото: Инстаграм/ Александар Темелков

Гордиот татко е крие дека ужива кога го држи малиот Мите во рацете, а тоа се познава и по неговиот израз на лицето.

Фото: Инстаграм/ Александар Темелков

Од друга страна многумина забележаа и дека малиот многу личи на него, на што пејачот посебно се радува.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија, како и на социјалните мрежи. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви на едно место. Придружете се и на нашата Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button