Теа Трајковска: „ Сакам да спојувам навидум неспојливи работи“

Млада, згодна, атрактвина пејачка која секогаш остава впечаток со својот стајлинг. Теа Трајковска е една од ретките млади артисти кои имаат завршено музичка академија. Минатата година го промовираше својот прв албум, а за Гламур открива дека наскоро ќе има и нов сингл кој е стилски многу поразличен од тоа што имавме можност да го слушнеме до сега од Теа.

Важиш за личнност која секогаш изгледа одлично како пред камерите така и зад нив. Кое е твоето омилено парче облека од плакарот? Во што се чувствуваш најудобно?

ADVERTISEMENT

Пред се да ви се заблагодарам на убавите зборови🙏. Да бидам искрена веќе некое време во секојдневните изданија се облекувам така како што се чувствувам дента, така да и омиленото парче облека ми варира. Во моментов тоа би биле обувки, т.е. чизми, и можам да кажам дека се една од подобрите причини зашто сакам есен.

Кога немам настапи и снимања ми се случува да не излезам од тренерки со денови, така да дефинитивно најудобно се чувствувам во тренерки и патики, а ако може да спаѓа во одговоров – и пижами😄

Како ги избираш парчињата облека?

Обично тоа што ми се допаѓа на прва, секогаш е правиот избор. Не сум тешка за шопинг, не се премислувам премногу и во глава веќе имам комбинација. Сакам да спојувам навидум неспојливи работи, но не сум за слепо пратење трендови и има работи што никогаш не би ги ставила на себе и ми се big NO.

Што ново подготвува Теа?

За недела до две ќе биде промовиран мојот нов сингл на кој што работевме последниве два месеци. Видеото го снимавме во Анталија, а песната се двои и стилски и како емоција од тоа што сум го работела до сега, што воедно и ми беше целта после албумот.

Што те мотивира?

Ме мотивира нова музика. Како кога на светска сцена ќе се појави нешто што ме инспирира, така и моја нова музика со која се спознавам себе.. Се разбира и фидбекот од истата:)

Како се релаксираш после еден напорен ден полн со обврски?

Кафе со мајка ми, Нетфликс или книга и тишина:)

Имаш ли друга пасија освен музиката?

Во вечна потрага сум по нови работи што ме инспирираат и движат, ама засега не сум нашла ни приближно голема љубов

Со кој од светските ѕвезди сакаш да имаш дует? Кој е твојот идол?

Можеби Charlie Puth, затоа што го доживувам како комплетен артист со визија за својата музика,  а една од подетските желби би била соработка со Panic at the disco, затоа што ми се омилен бенд од 5то одделение до ден денес☺️

 

Facebook Comments
(Visited 199 times, 3 visits today)
Loading...