Татко за пример: Министерот им покажа на сите – во исто време има состанок на ЗУМ и го чува детето

На прв поглед ова изгледа како симпатичнa Твитер фотографија за да нѐ расположи во овие мачни времиња.

Но кога мажот кој ја сподели фотографија од својата 10- месечна ќерка врзана за неговиот грб во текот на онлајн состанoк, е министерот за образование на Сиера Леоне, разговорот премина во дискусија за улогата на половите.

Давид Моинина Шенге вели дека тој сакал да постави пример за останатите мажи.
Тој за медиумите изјави дека многу ретко се гледа дете на гробот на таткото во неговата земја.

„Како ги натерав татковиците да ги носат бебињата на својот грб“.

Секако, слика од жена со бебе на грбот воопшто нема да замисли никого, сфатил овој 33- годишен министер.

Состанок на Зум и другите задачи

„Многу жени ова го прават секој ден, но толку е нормално што за тоа воопшто не разговараме. Да беше мојата сопруга онаа што го прави ова, немаше да биде вирален твит“, изјави тој од својот дом во престолнината на Сиера Леоне, Фритаун каде постои делумен карантин поради ширењето на коронавирусот.

Министерот за образование бил во кујната во својата куќа и ја хранел Пејнина кога му почнал Зум состанокот и тој се вклучил во расправата. Забележал дека малечката заспала, па одлучил да ја остави на својот грб додека тој е на состанок.

Оваа слика „го принудува човек за размислува за себеси, им покажува дека е можно и тие да се грижат за своите деца“, вели д-р Шенге.

„Јас имам пријатели кои никогаш во животот не смениле пелена, а имаат повеќе деца, и дури не им е јасно како тоа е можно“, вели тој.

Некои мажи одговорија на неговиот твит со фотографии од обиди да ги чуваат своите деца.

Пример за сите

Тој исто така доби пофалби и од некои активисти.

„Тој е пример за сите мажи во Сиера Леоне и во Африка“, изјави Немата Мајекс Волкер, активист за женски права во Сиера Леоне.

„Тој е некој кој не верува дека само жената треба да се грижи за децата“.
Министерот за образование исто така сакаше да ги охрабри лидерите, посебно мажите, да споделат нешто од својот семеен живот. Тој смета дека на тој начин подобро ќе разбере ќе ги разбере другите родители и тоа ќе води кон подобро креирање на политики.

Пред да стане министер за образовние д-р Шенге помагаше да се развијат протези за екстремитети.


Според Фондот за население на Обединетите нации „нерамноправноста на половите и негирањето на женските права сѐ уште доминираат во сите нивоа на општеството на Сиера Леоне“. И д-р Шенге се согласува со тоа.

Тој вели дека повеќе девојчиња отколку момчиња се отпишуваат од училиште пред крајот на средното образование и тој развива политика која ја нарече „радикална инклузија“, со која треба да се поттикне останувањето на што поголем број девојчиња на училиште.

Пред еден месец, тој учествуваше во укинувањето на забраната за бремените девојчиња да одат на училиште.

Сиера Леоне има 124 потврдени случаи на коронавирус и 7 жртви од болеста.

Facebook Comments
(Visited 41 times, 1 visits today)