Татко ги шокираше наставниците во училиштето на неговиот син: Погледнете што му спакувал за ручек

Татко се вџашил откако увидел дека случајно спакувал пиво во кутијата за ручек на неговиот син, па од училиштето веднаш го контактирале.
Американецот Вил Мејер споделил на Тик Ток видео во кое објаснил што всушност се случило.
Вил објаснил дека сосема случајно пакува една лименка минерална вода и една лименка пиво, а причината поради која настанала мешаницата е затоа што и двете се црни.
Во видеото, Вил вели: „Па, морам да одам да го земам моето дете од училиште денес бидејќи направив голема грешка“.

„Кога се роди мојот син, најдобриот совет што некогаш го добив беше дека знаеш повеќе отколку што мислиш дека знаеш, но денес не е тој ден, дозволете ми да ви покажам“.
Вил потоа рече дека една од црните лименки е минерална вода која неговиот син ја обожава и ја пие за ручек.

Меѓутоа, другата црна лименка не е минерална вода, туку лименка пиво.
„Изгледа како да е газирана вода, но дефинитивно не е газирана вода“, рече Вил.
„И сега морам да одам да го земам моето дете од училиште и да се обидам да ја објаснам оваа ситуација“.
Не помина долго време, а неговото видео стана вирално, со повеќе од 2,7 милиони луѓе што го прегледале и ги споделиле своите размислувања.

ФОТО: Принтскрин