Тамара Тодевска со емотивното видео ги расплака своите следбеници – „Бескрајно ве сакам деца мои. Мама ќе пее за вас додека дише“
Познатата пејачка објави емотивно видео.
Таа иако често е ангажирана на настапи, често објавува фотографии и од своите деца за кои секогаш умее да најде време и да им посвети внимание.
Овојпат нашата позната пејачка Тамара Тодевска сподели емотивно видео и ги разнежи своите фанови.
Таа откри дека кога и да го гледа видеото плаче, а многумина би се согласиле дека ова е навистина посебен момент.
-Ова ми е едно од оние видеа на кое плачам секој пат. Дарен имаше само 5 месеци кога бев на Евровизија. Првата полуфинална вечер не успеа никој да ме слушне од неговото плачење. Ова е следното утро. Залепен за екранот ја слуша и галка мама. Моето злато. Ве сакам бескрајно деца мои. Мама ќе пее за вас додека дише-напиша Тамара на својот Инстаграм профил.
На 8 март 2019, таа ја претстави својата песна „Proud“ со која настапи на Изборот за песна на Евровизија кој се одржа во Тел Авив, Израел и го освои 7мото место од вкупниот број на гласови, а 1-вото место според бодовите од жири комисиите на земјите учеснички.
Тамара оваа песна ја посвети на својата ќерка Хана, а за многумина Тамара беше вистинскиот победник на Евровизија.
Инаку Тамара од многу млада се занимава со музика, во 1991 за првпат на само шест години настапува на престижниот фестивал „Макфест“, заедно со тогаш познатите пеачки и сестри Маријана и Росана.
После долго време во 1997 год. заедно со сестра и Тијана го земаат второто место на „Скопскиот фестивал“ со песната „Луда игра“. Во 2001 год. Тамара ја започнува својата соло кариера со синглот „Дали знам“ дело на Роберт Билбилов поддржан од тогаш познатиот бенд Мак Џинс.
Од тогаш па се досега таа има учествувано на бројни фестивали и има еден куп хитови зад себе, а се чини дека од година во година изгледа се поубаво.