Тамара Тодевска се преполови – изгуби 20 килограми. Ова е тајната на нејзиниот успех

Ако сте упорни, добриот резултат не ви бега

Фото: Инстаграм/ Тамара Тодевска

Тоа дека упорноста секогаш се исплаќа можеме да го видиме и од драстичната промена со која позитивно не изненади пејачката Тамара Тодевска. Имено, таа неодамна донесе неколку важни одлуки во животот, а една од нив е да почне да внимава на својата линија и здраво да се исхранува.

Тамара успеа да го реши проблемот со вишокот килограми кој ја следеше со години и сега изгледа одлично.

ADVERTISEMENT

Таа неодамна на социјалните мрежи се пофали дека успеала да ослаби 20 килограми. Таа на фотографијата носи тесни фармерки и маица, а во описот напиша дека успеала да намали и цели 17 сантиметри обем во струк, што навистина е за секоја пофалба.

Фото: Инстаграм/ Силуете Скопје

Тамара постигна неверојатни резултати и тоа само 10 месеци откако по втор па се оствари во улога на мајка и го роди Дарен. Покрај него, таа ја има и ќерката Хана.

Фото: Инстаграм/ Тамара Тодевска

По напорните тренинзи, здравата исхрана и редовните третмани во козметичките салони таа повторно е во одлична форма, а тоа можеме да го видиме и од нејзиниот настап на Макфест кога буквално го украде шоуто.

Фото: Инстаграм/ Тамара Тодевска

Да потсетиме, Тамара Тодевска беше нашата претставничка на Евровизија кога со песната „Proud“ го освои првото место од страна на стручното жири, но поради малиот број гласови од публиката заврши на седмото место.

Facebook Comments
(Visited 16.014 times, 1 visits today)
Loading...