Тамара, одамна не сме биле олку горди – премиерот Заев и Тијана упатија честитки

Македонија го освои осмото место на Евровизија, а победата ја однесе Холандија.

Тамара Тодевска со својот настап на Евровизија и песната „Proud“ го достигна највисокиот пласман за нас во историјата на ова натпреварувње.

По тој повод, на својот фејсбук-профил честитка упати и премиерот Зоран Заев:

ADVERTISEMENT

Честитки Тамара, честитки #TeamTamara. Скапоцени се овие моменти на единство кои ни ги донесовте преку музиката. Одамна не сме биле олку горди! #Proud 🇲🇰

Posted by Zoran Zaev on Сабота, 18 мај 2019

„Честитки Тамара, честитки #TeamTamara. Скапоцени се овие моменти на единство кои ни ги донесовте преку музиката. Одамна не сме биле олку горди! #Proud“, напиша премиерот во кратката објава.

Воедно нејзината сестра, Тијана Дапчевиќ, која и сама ја претставуваше Македонија на Евровизија во 2014 година, по објавување на резултатите порача дека ова е најголем успех до сега.

„Љубави моја, ти си моја прва светлост, ти си мојот херој! Ова што ти го направи е најголем успех ever! Многу те сакам!!! Гордан сум до небото и назад!“, напиша Тијана.

Додека Би-Би-Си кој преку својот Твитер акаунт го опишуваше секој настап и случување на Евровизија имаше и свои коментари во врска со нашата претставничка Тамара Тодевска, но и ги информираше фановите дека главниот град на Македонија е Скопје во моментите кога Македонија беше на врвот од табелата.

Facebook Comments
(Visited 335 times, 1 visits today)