Реклама
Наши ѕвезди

Тажниот живот на Пепи Бафтировски, пејачот што ја испеа една од НАЈУБАВИТЕ македонски песни „Ако згрешам нека изгорам“

Реклама

Пееше од срце, со солзи во очите…

Пепи Бафтировски беше еден од најпознатите фолк пејачи на македонската сцена. Се прослави со песната „Сине мој“ која ја снимаше на почетокот од деведесеттите години на минатиот век, како повратник од печалба во САД. Но и покрај тоа што беше голема ѕвезда во својата држава, Пепи не беше задоволен од третманот на луѓето од естрадата во Македонија и повторно реши да заплови „преку барата“, но овој пат со сопругата Ава Керш, ќерката Марина и синот Емил.

Маркетинг

Тој заедно со семејството во Америка заминува во 2003 година каде е решен да започне нов живот.

Неговата среќа нема да трае долго

Но по неколку години заеднички живот во туѓина, Пепи и Ава ќе се разделат во 2007 година, а по некое време на пејачот ќе му биде диjaгностициpaна тешката бoлecт.

Маркетинг

Пепи по кратко боледување, ќе ја изгуби битката со болecта во април 2008 година, на 66 годишна возраст и само пет години по неговото повторно доаѓање во Америка.

Пепи и Ава до последниот момент останале блиски, иако беа разделени и не живееја заедно.

Тежок живот во туѓина

Последните години, како што велат неговите пријатели тој ги поминал сам, не јавувајќи се на никој.

Се разделил од сопругата и останал сам во туѓина, а откако му беше дијагнocтициран paк на белите дробови, и кога беше хocпитализиран, неговите пријатели од САД преку интернет бараа пари за да се соберат финансиски средства за тој да се врати во Македонија што беше една од неговите најголеми желби во тие негови последни моменти.

Но за жал оваа желба не му беше исполнета

Тој тогаш се уште живееше во Чикаго, каде му беше диjaгнocтициран raк на бeлитe дpoбови, а во писмото што тогаш кружеше на интернет, со апел за собирање на финансиска помош, пишуваше:

„Сега, кога е болен и осамен, Македонија е неговата последна желба. Помогнете ни да го вратиме Пепи во неговата татковина, во земјата од каде што потекнува. Пепи верува во добрината на нашите луѓе. Тој се надева дека таа добрина ќе му помогне да се врати дома и таму да го мине времето што му преостанува. Се надева дека ќе се врати меѓу своите луѓе. А надежта последна yмиpa…“

Фото: Принтскрин/ Јутјуб

Тој беше пoгpeбан во Чикаго, а неговата поранешна сопруга, пред хуманитарниот концерт со кој ја одбележаа десетгодишнината од cмp*та на Пепи, изјави дека со парите од концертот ќе ги донираат за црквата Свети Кирил и Методиј во Чикаго, нешто што пејачката му го ветила на Пепи пред да ја узгуби битката од тешката болест.

„Овој хуманитарен концерт е моето враќање на музиката, на фолк сцената. Ќе следуваат и други настапи низ Америка. Длабоко во себе знам дека и Пепи тоа би го сакал, бидејќи мене музиката ми е судена“ – вели Керш, која што тогаш подолг период работеше како координатор во oнкoлошкиот институт „Loyola University“, за научни испитувања на кaнцep.

Фото: Принтскрин/ Јутјуб

Тој зад себе остави голем број на хитови кои и денес се слушаат. ,,Ако згрешам нека изгорам” ,,Друга љубов не сакам”, ,,Заветна” и ,,Сине мој” се само дел од неговите антологиски песни. Успешната кариера ја нарави кон крајот на осумдесеттите години на минатиот век, по години поминати надвор од земјава, кога се врати во Македонија и пред повторно да замине во 2003 година.

Ако згрешам нека изгорам

Во продолжение прочитајте ги текствите од неговите песни „Ако згрешан нека изгорам“ и „Сине мој“

„Ти не плачи мајко што сум далеку и сам, и не кревај магли, силни јадови, својот пат, затрупан, сеуште го знам, ако згрешам, нека изгорам“.

„Еј ридови, сини мориња, сам ќе морам да ве пробијам, еј кораби, назад пловете, ако згрешам, нека изгорам“.

„Ќе препливам води, назад ќе се вратам пак, во градите едра, распнувам за пат, огнови високи, сам ќе изодам, ако згрешам, нека изгорам“.

Фото: Принтскрин/ Јутјуб

Сине мој

Ќе ти велат се на светот, дека може да ти бидат. Немој сине, не им давај, твојто срце да го видат.

В домот мирен, многу лета јас те гледав како растеш. сега само, солза жешка, лице бледо, рана тешка.

„Ееееј, Сиине мој, еве песна , Глас од татко твој, Ееееј, Ангел мој да те врати пак во домот твој“.

Кажи Боже, дал ке можам, уште еднаш да го видам. И на крајот само сакам, да го допре мојта рака.

Фото: Принтскрин/ Јутјуб
Фото: Принтскрин
Фото: Принтскрин/ Јутјуб
Фото: Принтскрин/ Јутјуб
Фото: Принтскрин
Фото: Принтскрин
Фото: Принтскрин
Фото: Принтскрин

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button