Наши ѕвезди

Тажната приказна на Гордана – прво ГО ИЗГУБИ СОПРУГОТ, па по 8 години на истиот ден и својата мајка

Advertisement

На популарната ТВ презентерка која ја гледаме на националниот сервис, Гордана Ѓорчева животот ѝ зададе многу тешки удари, кои таа храбро ги има пребродено.

Advertisement

 И покрај сите работи кои ги доживеа, Гордана не ја трга намевката од своето лице и сѐ уште се бори и живее среќно.Кога имала амо 19 години го иззгубила својот татко во с-ообраќајна несреќа.

Втор огромен шок во нејзиниот живот беше см-ртта на сопругот, актерот Бранко Ѓорчев.

Зборовите „Јас се вљубив во твојата насмевка и никогаш немој да ја симнеш од твоето лице!“ на нејзиниот покоен сопруг актерот Бранко Ѓорчев, вели дека ги смета за аменет.

Advertisement
ФОТО: Гордана Ѓорчева / Фејсбук

Таа вели дека не постојат лоши спомени поврзани со Ѓорчев. Тој беше нејзината сродна душа, човекот што го сакаше повеќе од себе. Но, тој воедно бил и човекот што ја чувал како капка вода на гланка, кој секогаш го користел секој свој слободен миг да го поминат заедно.

ФОТО: Гордана Ѓорчева / Фејсбук

Оваа година водителката доживеа нова трагедија и тоа на истиот ден кога почина нејзиниот сопруг.

На социјалните мрежи таа соопшти дека поч-инала и нејзината мајка.

„Мамичке моја, зар мораше во ист ден со Бранко. Неможно е, неможно е. Не можам да прифатам“, напиша таа.

ФОТО: Гордана Ѓорчева / Фејсбук

Подоцна објави и фотографија со нејзините родители под која дополни:

„Убавица моја! Се надевам дека сега сте конечно заедно на некое поубаво место. Само тоа ќе ни биде утеха, прекрасни наши родители. Огромна болка!“, напиша Ѓорчева, која подоцна јавно го изрази својот револт за нехуманите услови во државна геријатрија, во кои се чуваат болните.

ФОТО: Гордана Ѓорчева / Фејсбук

„Ова ми тежи и морам да го споделам, затоа што сите имаме родители и порано или подоцна се соочуваме. Итно, ама најитно мора да се најде решение во оваа наша таканаречена држава за овозможување на пристојна старост.

Имено, нашата агонија траеше 6 месеци. Точно, во епидемија сме и разбирливо е кога е човек сместен во институција да нема можност да се посети. Но…

Прво: Дали е човечно да не може да се испрати барем овошје, а притоа не им се дава таму? Преживуваат со очајна храна. Второ: Дали е човечно да не им се стави по едно телевизорче во соба, туку мора да гледаат во ѕид и да чекаат кога ќе им дојде денот?

ФОТО: Гордана Ѓорчева / Фејсбук

Трето: Дали некој воопшто помислил колкави се можностите на 99% од нас да им овозможиме на нашите најсакани приватен дом, во кој, и покрај големиот износ дополнително се плаќа за физикална терапија, се носат пелени, лекови, се плаќа обична кр-вна слика?

И на крај најбитното: Каде е човечноста на лекарите воопшто да немаат доблест да се јават и да соопштат што се случило? Дали е човечно дежурна сестра да соопшти загуба? И нема, и ќе нема слух за луѓето што живот ни дале. ОВДЕ Е ОДАМНА ИЗГУБЕНА ЧОВЕЧНОСТА!“, објави Ѓорчева.

ФОТО: Гордана Ѓорчева / Фејсбук

Единствена радост во нејзиниот живот се нејзината ќерка Луција и внукот Вања.

Гордана ја добила Луција кога имала 21 година. Со својот изглед плени и ден денес и никој за неа не би рекол дека е баба.

За медиумите многупати има изјавено дека се труди да одржи пријателски однос со Луција и дека е навистина горда на неа.

ФОТО: Гордана Ѓорчева / Фејсбук

Таа е горда со неа, но воедно преставува и најголема поддршка во животот. Низ годините и низ сите бродоломи низ кои поминале заедно, успеала да ја научи да биде силна и да не потклелнува пред проблемите.

Нејзината најголема среќа во моментов е внукот Вања. Презентерката нема ден а да не објави фотографии со Вања. Секој слободен момент Гордана го користи за ужива со својот внук и тоа најчесто во природа.

ФОТО: Гордана Ѓорчева / Фејсбук

Таа вели дека Луција и е единственото дете и за неа би направила сé, а раскажа и за еден неверојатен момент што и се случил со нејзината ќерка.

Имено, нејзе никој неја известил кога нејзината ќерка почнала да се породува, но во истиот момент почувствувала некаков немир во душата и експресно отишла во болницата без да праша дали е воопшто примена, туку кога е примена и како е.

Тие и кажале дека процесот е почнат и таа само гледала во прозорот во кој имало светлина и плачела, истовремено молејќи му се на Бога сé да помине во најдобар ред. А кога прв пат го кренала Вања во рацете, таа почувствувала таква голема љубов што не би можела да ја опише со зборови.

ФОТО: Гордана Ѓорчева / Фејсбук

„Па јас доживеав благослов од Бога да кренам во раце дете на моето дете. Па јас се растопив“ изјави таа и додаде:
„Откако Вања дојде на овој свет, јас сум во сосема друга димензија, за која немам објаснување“.
Гордата баба не пропушта ден да не биде со нејзината најголема љубов, а нивните заеднички фотографии погледнете ги во продолжение:

ФОТО: Гордана Ѓорчева / Фејсбук

ФОТО: Гордана Ѓорчева / Фејсбук

ФОТО: Гордана Ѓорчева / Фејсбук

ФОТО: Гордана Ѓорчева / Фејсбук


ФОТО: Гордана Ѓорчева / Фејсбук

ФОТО: Гордана Ѓорчева / Фејсбук
ФОТО: Гордана Ѓорчева / Фејсбук
ФОТО: Гордана Ѓорчева / Фејсбук
ФОТО: Гордана Ѓорчева / Фејсбук
ФОТО: Гордана Ѓорчева / Фејсбук
ФОТО: Гордана Ѓорчева / Фејсбук
ФОТО: Гордана Ѓорчева / Фејсбук
ФОТО: Гордана Ѓорчева / Фејсбук
ФОТО: Гордана Ѓорчева / Фејсбук
ФОТО: Гордана Ѓорчева / Фејсбук
ФОТО: Гордана Ѓорчева / Фејсбук

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button