Таа кога се родила нејзиниот татко вриснал „Никогаш нема да има момче“ – денес таа е посебна вистинска убавица и заљубена!

Реган Кембел е родена со белег така наречен „дамка од вино“ кој моментално и го зафаќа половина лице.

– Моето доаѓање на свет беше пред 24 години, еден петок рано насабајле. Моите родители едавј чекале да го видат своето прво дете.

Се надевале на убаво здраво девојче.

На прв поглед го добиле тоа. Меѓутоа, на втор поглед, виделе дека се излажале.

Вака ја започна својата приказна Реган која е родена со белег кој и го зафаќа половина лице.

– Кожата ми била подуена со полни вени и со огромна флека. Татко ми кога ме видел искоментирал:

Таа нема никогаш да има момче и потоа излегол од собата за да се присобере. Мајка ми имала потполно друга реакција и веднаш ме прегрнала.

Не е тоа ништо страшно, татко ми по природа е подраматичен. Лекарите веднш му објасниле дека тоа не е воопшто страшно, раскажува Реган.

Моите родители биле решени да дознаат нешто повеќе за белегот. За среќа на сите, белегот не ми ги фатил очите бидејќи тоа би можело да доведе до глаукома.

Започнале да ме носат по терапии, но со првите третмани не постигнале ништо освен што малку го разбиле белегот.

Јас растев, а со тоа и белегот. Некако пораснав со него. Иако многумина ми коментираа, ме закачаа, но благодарение на мојата мајка секогаш бев задоволна од себе и од својот изглед. Меѓутоа кога тргнав во училиште, започнаа да ме закачаат врсниците.

Кога влегував во тинејџерските години и почнав да го кријам белегот со шминка. Потоа, не можев на никого да замислам да му го покажам белегот без шминка.

Со третманите белегот избледе, но никогаш целосно не исчезна.

Меѓутоа, на факултет почнав често да излегувам без шминка. Отворив Фејсбук и отворив група со луѓе слични на мојата ситуација. Тогаш мојата самодоверба нагло порасна, се поврзав со луѓе кои го разбираат мојот проблем и знаат низ што поминувам.

Денес, не ми паѓа на памет да го кријам белегот. Напротив, радо го покажувам на улица, на Инстаграм, на Тик Ток.

 

И срцето ми е полно секој пат кога некој со сличен белег ќе ми се заблагодари што му давам сила.

А кога станува збор за реченицата на мојот татко дека никогаш нема да имам момче – се воспостави дека не е во право.

Таа денеска е среќна и заљубена девојка која ужива во малдоста.

 

 

 

 

 

 

(Visited 4.867 times, 1 visits today)