Таа е секс терапевтка, мајка е на осум деца и сака да личи Џесика Ребити

Таа е деловна жена, секс терапевт, советник, модел, а истовремено е и сопруга и мајка на осум деца.

50-годишната Алегра Кол  во триесетите години се обидела како модел, но кога пробала како е да се биде во центарот на вниманието, повеќе не можела да се запре. Таа има преку 800 илјади следбеници на Инстаграм, за кои вели дека “ја гледале како станува деловна жена, експерт за пластични операции и активистка”.

Кол сега сака преку нов деловен потфат – да  собере пари за пластични операции за жени кои не можат да си ги дозволат. На тој начин сака да им помогне на жените да “станат најдобрата верзија од себеси”.

ADVERTISEMENT

Кол вели дека жените од неа постојано бараат совети во врска со операциите, па најлогично било да отпочне бизнис преку кој ќе им помага во тоа. Додава и дека сопругот постојано соработува со неа и ѝ е огромна поддршка, а ништо повеќе не ја радува од децата и семејството.

Facebook Comments
(Visited 475 times, 1 visits today)