Таа е една од нашите најдобри пејачки, а тој е еден и единствен за неа – ПОГЛЕДНЕТЕ кој е фраерот на кој му ги посвети овие зборови

Македонската пејачка ја покажа уште еднаш својата емотивна страна и напиша емотивна порака посветена за важна личност во нејзиниот живот.

Елена Ристеска често во јавност искрено ги изразува своите емоции и воопшто не се штеди на зборови кога станува збор за нејзините блоски личности.

Елена на македонската музичка сцена успешно опстојува долги години и може да се пофали со многу богата кариера. Таа е една од ретките која зад себе има многу концерти, настапи, но и хитови кои ги пејат многу генерации.

Фото: Инстаграм / Елена Ристеска

Со својот неверојатен глас, некогаш малото девојче со чорапчиња до колена веднаш ја освои публиката на музичкото-реалити шоу – Плеј – потрага по ѕвезди.

Денес, освен успешна музичка кариера има и свој бренд парфем, кој стана хит веднаш откако се појави на пазарот.

Фото: Инстаграм / Елена Ристеска

Пејачката не запира и секогаш ја изненадува својата публика со новитети.

Доста е активна и на социјалните мрежи, кои секако ги користи за себепромоција и промоција на нејзините производи.

Својот приватен живот го крие како змија нозете., па токму затоа медиумите ја поврзуваат со мажите кои се во нејзина близина.

Фото: Инстаграм / Елена Ристеска

Најголема поддршка целиот нејзин живот ѝ е семејството се разбира, но и најблиските пријатели.

Нејзината внука засега е нејзина најголема љубов и обожава да го поминува времето со неа. Таа секој слободен момент го користи да биде со својата внука.

Фото: Инстаграм / Елена Ристеска

Пејачката се труди да биде посветена и на своите пријатели.

Деновиве нејзиниот најдобар пријател и сорабптник, популарниот фризер Даниел Николовски славеше роденден.

Фото: Инстаграм / Елена Ристеска

По тој повод пејачката сподели неколку фотографии од атмосферата за неговиот роденден и напиша емотивна порака за него со која ги трогна сите.

„Се’ е менливо во мојот живот само ти си константа. Убавец мој , брат мој , целата среќа на светов ти ја праќам затоа што ја заслужуваш. Твојата тага и среќа и твојата болка и радост ги чувствувам како да се мои. Некои луѓе еднаш ќе ти влезат во срце и остануваат засекогаш. Те сакам Дани“, напиша Елена во опис на фотографиите.

Фото: Инстаграм / Елена Ристеска

Фото: Инстаграм / Елена Ристеска

Фото: Инстаграм / Елена Ристеска

Фото: Инстаграм / Елена Ристеска

Фото: Инстаграм / Елена Ристеска

Фото: Инстаграм / Елена Ристеска

Фото: Инстаграм / Елена Ристеска

Фото: Инстаграм / Елена Ристеска

Фото: Инстаграм / Елена Ристеска

Фото: Инстаграм / Елена Ристеска

Фото: Инстаграм / Елена Ристеска

Фото: Инстаграм / Елена Ристеска

Фото: Инстаграм / Елена Ристеска

Фото: Инстаграм / Елена Ристеска

Фото: Инстаграм / Елена Ристеска

Фото: Инстаграм / Елена Ристеска

Фото: Инстаграм / Елена Ристеска

 

(Visited 2.097 times, 1 visits today)