Таа го има клучот на неговото срце – погледнете како ужива Перо Антиќ со неговата сакана
По разводот со неговата сопруга, ова е првата жена за која јавно ги призна чувствата.
Антиќ и Сања уживаат во љубовта.
Шармантниот кошаркар Перо Антиќ е еден од најпосакуваните и најзгодни мажи на нашата јавна сцена.
ФОТО: Инстаграм / Перо Антиќ
Перо Антиќ е првиот и единствениот досега македонски кошаркар кој играл во НБА лигата, каде две години го носел дресот на Атланта Хокс.
Денес е петседателот на Кошаркарската Федерација на Македонија.
ФОТО: Инстаграм / Перо Антиќ
Долги години беше во брак со поранешата сопруга Ружица со која има и три сина.
Иако нивната љубов изгледаше бајковите, сепак одлучија да се разделат, но за доброто на децата останаа во добри односи.
ФОТО: Инстаграм / Перо Антиќ
По разводот тој беше во неколку врски и со познати и со дами кои не се дел од естрадата, но никогаш јавно не зборуваше за тоа.
Изминатиов период актуелно во медиумите е неговата нова љубов со Сања Ристиќ.
ФОТО: Инстаграм / Перо Антиќ
Сања на јавноста ѝ е позната како девојчето кое го испеа големот детски хит „Ех, тој Тоше“.
Таа претходно беше во брак со ракометарот Дејан Пецаковски, со кој има два сина.
Сања и Перо не ја кријат својата љубов.
Уживаат да го поминуваат времето заедно, прегрнати и држејќи се за рака.