Спортистка на годината и мајка на 4 деца – еве која е новата сопруга на Александар Маленко

Најпознатиот македонски љубовџија има нова возбудлива вест.

Еден од нашите најдобри пливачи и актуелен претседател на Пливачката федерација, Александар Маленко со својот бурен приватен живот секогаш успева да привлече внимание.

Јавноста секогаш сака да знае што се случува со него иако тој не е активен на социјалните мрежи и ретко се појавува во медиумите.

Она што за него се знае е тоа дека досега бил 4 пати во брак, а од своите бракови има 5 деца.

Фото: Фејсбук / Александар Маленко

Од првиот брак со популарната водителка и пејачка Сузана Турунџиева ја има ќерката Лора. Александар и Лора никогаш не биле во добар однос, а доказ за тоа е и статусот кој младата девојка го сподели на социјалните мрежи, а му го посвети нему.

„Јас, освен на спомени врзани за мојата мајка и баба, немам со што да се сеќавам на тебе… Ти, иако си постоел неколку години во мојот живот, исто како и никогаш да не си постоел… Не си оставил ниеден убав спомен во моето срце… Немам ниедна ситуација, на која можам да се сетам дека јас некогаш, во моето најрано детство живеев со татко… дека сум родена во брак“, пишува во дел од статусот.

Фото: Фејсбук / Александар Маленко

Лора не го покани својот татко ниту на сопствената свадба.

Вториот брак на Маленко му беше со познатата актерка Јелена Жугиќ. Плод на нивната љубов е нивниот син Ахил, кој неверојатно многу личи на него.

Не се знае каков е односот меѓу Ахил и Маленко, но од она што може да се види на социјалните мрежи, се забележува дека Ахил порасна во навистина прекрасно момче.

По разводот со Јелена, Маленко се ожени со 6 години постарата Русинка, Татјана Михалова Фјодорова со која го има синот Аркади.

Со четвртата сопруга, Фанче, за која јавноста многу малку знае, поранешниот пливач има два сина.

Маленко за медиумите има изјавено дека има конктакт со сите негови деца, а дека внучето од ќерката Лора го видел само еднаш.

Денеска Маленко сподели дека се оженил по петти пат.

Фото: Инстаграм/ Александар Маленко

Негова нова избраничка е 41-годишната Метка Спаравец од Словенија, инаку по професија инструктор по пливање.

Таа ја претставуваа својата родна земја на Летните олимписки игри 1996 во Атланта.

Спаравец била прогласена за словенечка спортистка на годината во 1999 година, откако го освоила бронзениот медал во дисциплината 50 метри грбно за жени на Европското првенство во ЛЦ 1999 година во Истанбул.

Фото: Фејсбук / Метка Спаравец Маленко

Профилот на Инстаграм ѝ е затворен за јавноста, но стои напишано дека е мајка на четири деца, тренер по пливање и фитнес-тренер и дека црно-белата е нејзина боја.

Фото: Фејсбук / Метка Спаравец Маленко

Метка веднаш го додаде презимето на Маленко на социјалните мрежи.

И двајцата споделија фотографии од интимната венчавка.

Парот се одлучил за едноставна венчавка, без многу гости.

Фото: Фејсбук / Метка Спаравец Маленко

Фото: Фејсбук / Александар Маленко

 

Фото: Фејсбук / Метка Спаравец Маленко

Фото: Фејсбук / Александар Маленко

Фото: Фејсбук / Метка Спаравец Маленко

Фото: Фејсбук / Александар Маленко

Фото: Фејсбук / Метка Спаравец Маленко

Фото: Фејсбук / Александар Маленко

Фото: Фејсбук / Метка Спаравец Маленко

Фото: Фејсбук / Александар Маленко

Фото: Фејсбук / Метка Спаравец Маленко

Фото: Фејсбук / Метка Спаравец Маленко

Фото: Фејсбук / Метка Спаравец Маленко

Фото: Фејсбук / Александар Маленко

Фото: Фејсбук / Александар Маленко

(Visited 3.435 times, 1 visits today)