Спасувачките екипи влегоа во тунелот: Поминаа 12 дена, има ли надеж за двегодишното дете што падна во бунарот?
Поминаа 12 дена откако Џулен (2) падна во Тотан, спасувачите и рударите конечно успеале да ископа тунел.
Детето со своето семејство било во близина на селото Тоталан кога паднало во бунарот.
Карлос Мендоза (49) од Малага, кој живее во Тоталан, во изјава за медиумите вели дека родини на семејството само што го купиле имотот пред неколку месеци, каде што планирале да градат куќа. Тие за викендот дошле на имотот.
Спасувачките екипи конечно влегоа во дупката што претходно се проширија за да ги соберат цевките и капсулите на 12-тиот ден од спасувањето.
Тие влегоа во дупката во 17.49 часот по локално време.
Капсулата е долга 60 метри, а последните четири, колку што е потребно да се стигне до Џулиен, ќесе копат со раце, пишуваат шпанските медиуми.
Осум рудари, 10 спасувачи и осум пожарникари ќе учествуваат во последниот чекор на спасувањето. Координаторот за спасување, Ангел Гарсија Видал, тврди дека ќе потрае и до 24 часа за да стигнат до момчето.