Наши ѕвезди

Спасен се појави и направи лом на оваа македонска свадба – невестата блеска, бакшишот си го доби со алал

Народот го обожава ова момче

Познатиот македонски пејач Спасен Силјаноски на уште еден брачен пар им ја развесели свадбената веселба.

Убавата невеста и нејзиниот избраник беа пресреќни што познатиот фолк-пејач пее на нјубавиот ден во нивниот живот, а кога Спасен се појави и ја запеа „Дојди ми вечерва“ цела сала се крена на нозе и сите почнаа да пеат во еден глас.

Свадбите на кои настапуваат наши големи музички ѕвезди секогаш привлекуваат внимание и на социјалните мрежи, па така беше и со оваа, за која уште долго време ќе се зборува меѓу гостите и младенците.

Фото: Инстаграм/ Спасен Силјаноски

Пејачот за ова пригода носеше бели панталони и пастелно сако, а невестата која блескаше цело време играше на неговите песни.

Фото: Инстаграм/ Спасен Силјаноски

Гостите беа воодушевени и кога Спасен запеа патриотски песни, а до него цело време се вееше знамето со сонцето од Вергина.

Фото: Инстаграм/ Спасен Силјаноски

Спасен цела вечер ги забавуваше гостите, кои го почестија и со убав бакшиш, а од снимките што „испливаа“ на социјалните мрежи може да се види и зошто токму Спасен од бројни големи македонски ѕвезди важи за еден од омилените вокали на македонската публика и што се случува на неговите веселби.

Фото: Инстаграм/ Спасен Силјаноски

Инаку, Спасен во изминативе неколку месеци стана екстра популарен и на социјалните мрежи со неговиот хит.

Фото: Инстаграм/ Спасен Силјаноски

Имено, откако едни Афроамериканци снимија виде со позадина на неговата песна Ќе ти дојдам вечер, таа преку ноќ стана хит на Тик Ток.

Фото: Инстаграм/ Спасен Силјаноски

Фото: Инстаграм/ Спасен Силјаноски

Фото: Инстаграм/ Спасен Силјаноски

Како што вели самиот Спасен во интервју за Гламур магазин, песната и претходно беше слушана во Македонија и беше голем хит, но по споменатото видео со Афроамериканците стана вирална на целиот Балкан.

Фото: Инстаграм/ Спасен Силјаноски

Но и покрај преголемата популарност што ја има, посебно зарад овој негов хит, Спасен остана истиот, скромен и срдечен.

Фото: Инстаграм/ Спасен Силјаноски

Како што самиот вели, без разлика на популарноста тој ќе остане обичен човек, нормален човек, човек со народот.

Фото: Инстаграм/ Спасен Силјаноски

Фото: Инстаграм/ Спасен Силјаноски

Фото: Инстаграм/ Спасен Силјаноски

„Не се сметам за екстра популарен, ниту сакам да ме нарекуваат ѕвезда“, вели тој искрено во интервјуто за „Гламур магазин“ (види тука), а можеби и токму заради таквиот негов став во животот и сите го сакаат.

Фото: Инстаграм/ Спасен Силјаноски

Фото: Инстаграм/ Спасен Силјаноски

Фото: Инстаграм/ Спасен Силјаноски

Фото: Инстаграм/ Спасен Силјаноски

Фото: Инстаграм/ Спасен Силјаноски

Фото: Инстаграм/ Спасен Силјаноски

Фото: Инстаграм/ Спасен Силјаноски

Маркетинг

Поврзано

Back to top button