Интервју

Спасен искрено за несреќата што му се случи: „Добив жолт картон од Господ“:

И покрај преголемата болка, пејачот не го откажал настапот

Реклама
Реклама

Неодамна на пејачот Спасен Силјаноски му се случи незгода кога на настапот во Словенија падна и си ја скрши раката.

Како што самиот ни изјави, тој паднал симнувајќи се од бината, но и покрај големата болката продолжил со настапот пред нашите иселеници. Пеел уште три часа и не сакал да си замине и да ги разочара нашинците кои неговиот настап го чекаа со месеци, иако цело време трпел голема болка. По настапот си заминал дома и дури утредента откако забележал дека раката му е отечена, отишол на доктор и таму му кажале дека раката му е скршена и веднаш му ја ставиле во гипс.

Маркетинг
Фото: Инстаграм/ Спасен Силјаноски

Жалиме за незгодата што Ви се случила, но дали ќе можете да ни откриете што се случило и како се повредивте?

Раката ја скршив на настап во Словенија, поточно во Копер. Имав 5-6 концерти низ Европа. На последниот концерт во Копер, слегов од бина и се лизнав на подот со плочки, имаше истурено најверојатно некоја течност, се лизнав и паднав на раката. Ја скршив раката, во моментот почувствував болка но продолжив со пеење. Ја издржав вечерта и пеев уште три часа. Не сакав да си заминам бидејќи луѓето ме чекаа неколку месеци, навистина беше преполно и сакав да си го одржам ветувањето, да направам добра веселба. Се напив неколку лекарства за болки. Наредниот ден видов дека раката ми е многу отечена и дека не можам да ја движам па потоа преземавме мерки. Моментално ми е во гипс, лактот е скршен. За неколку дена повторно сум на магнетна резонанца да видиме дали е правилно зарасната, ако не е ќе мора да се направи оперативен зафат, открива Спасен за Гламур магазин.

Фото: Инстаграм/ Спасен Силјаноски

Како Ви минува сега денот? Дали Ви недостастуваат настапите?

Сега сум постојано дома. Свирките во наредните две,три недели ги откажав бидејќи не можам да функционирам, не можам ништо да облечам. Дома го поминувам времето. Можеби во сето лошо ова ми дојде добро, да одморам. Ми требаше навистина одмор бидејќи бев презафатен со настапи, компонирање, пеење како и со емисијата Везилка. Можеби ова е жолт картон од Господ.

Фото: Инстаграм/ Спасен Силјаноски

Како реагираат Вашите дечиња сега кога сте постојано дома? Дали Ви помагаат?

-Децата нормално сакаат да ме гледаат дома. Убаво им е кога сум дома бидејќи навистина многу ретко се гледаме со нив. Им е жал за раката, ме гушкаат постојано, но морам да кажам и дека секој ден ми варат кафенце.

Фото: Инстаграм/ Спасен Силјаноски

Познатиот пејач за нашиот портал открива и каде ќе ја помине Новата Година и празниците.

„Се надевам дека се ќе помине добро бидејќи имам многу настапи. На 25-ти декември настапувам во Грција кај Македонците од Егејска Македонија. За Нова Година сум во Линц- Австрија , потоа летам директно за Њу Џерси во Америка“.

Фото: Инстаграм/ Спасен Силјаноски

„За Божиќ пеам во Америка а за Стара нова година сум во Торонто. Се надевам до тогаш дека ќе ми заздрави раката за да можам да функционирам, па да сме здрави и живи“ вели Спасен.

Фото: Инстаграм/ Спасен Силјаноски

Фото: Инстаграм/ Спасен Силјаноски

Фото: Инстаграм/ Спасен Силјаноски

Фото: Инстаграм/ Спасен Силјаноски

Поврзано

Back to top button