Сопругот на Тања Савиќ им донесе нова МАМА на синовите – пејачката пред нервен слом

Душан, сопругот на Тања Савиќ има нова девојка.

По неколку месечната борба за старатеслтвото, агонијата на Тања продолжува.

Сопругот на Тања, Душан има нова девојка во Австралија.

Според добро информиран извор, тој со жената планира да се венча, но планира и трето дете.

– Сите познаници на Душан зборуваат како тој е заљубен до уши, и едвај чека да се венча, информира изворот.

Според овие наводи, Душан сфатил дека со Тања нема иднина.

– Таа жена го прифати Душан и неговите синови и сака да му роди уште деца,а Душан најверојатно расчистил со себе во глава и сфатил дека со Тања е крај.

Остана само да се избори за децата да останат со него. Тој сега за сега ја крие таа врска, но нема уште долго и не би ме чудело дека таа до крајот на годината да остане бремена, завршил добро информираниот извор.

Тања Савиќ си ја отвори душата за нејзината семејна драма.

Тања Савиќ се уште се бори да ги види синовите кои од почетокот на март нејзиниот сопруг ги однесе во Австралија.

Еве што таа во претходните интервјуа за медиумите откри во врска со траумата низ која што поминува.

Некои луѓе мислат дека сум дала согласност и дека сега ги барам децата назад. Навистина не е така. Тој мене буквално ми ги зеде децата. Бев кај мајка ми и татко ми кога се скаравме, но во една пригода ќе кажам зошто. Тоа веќе го направи и пред неколку години, но тогаш заминав по него, вели Тања.

-Тој ги однесе сите наши пари. Нему не му се важни само децата, тоа плански го направи. Не смееше преку граница да однесе повеќе од 10.000 евра. Јас ги собирав овие пари да купиме недвижнина, затоа што секогаш плаќавме кирија. Тој не сакаше ништо да купиме во Србија. Знам дека купи бизнис билет од 20.000 евра, мои, секако, открила пејачката

Не може да ги слушне своите деца

Инаку, пејачката неодамна во интервјуто за „Hello Magazin“ го изјави следново:

-Беше тоа најкласична уцена со децата, така е и сега. Страпно е кога некој ве задржува во брак или врска само затоа што брзгранично си ги сакате децата и не можете да си го замислите животот без нив.

Меѓутоа, повеќе не можам да простувам зошто само јас знам со колку страв и тага сум се соочила кога не знаев каде се Максим и Ѓорѓе, рече пејачката за магазинот и ја продолжи својата исповед.

-Ми останува мене со својата одлучност да му дадам до знаење дека повеќе не може така да се однесува кон мене. Од денот кога го објавив постот на Инстаграм, не прозборивме ни збор.

Претходно многу часови поминувавме зборувајќи, но се се сведуваше на исто – јас се обидувам да го одоброволам, додека тој, како и обично манипулираше.

Во некој момент и јас почнав да манипулирал со нејзините емоции, да видам како тој ќе се однесува. Како и многу пати до тогаш, кога ќе сфатеше дека не може да ме победи, глумеше жртва.

Некое време успевав да тактизирам, а кога повеќе не можев да издражам, му кажував што мислам. Во тие ситуации тој го покажуваше вистинското лице. И така од ден во ден… Кога ќе се изнервираше, не ми даваше да ги слушнам синовите.

-Се јавувам повеќе пати дневно, веројатно му досаѓам, ама јас само сакам да зборувам со своите деца.Во една прилика Ѓорѓе дојде до телефонот од татко му, се скри во тоалетот за да зборува со мене.

Во позадината се слушање гласот на Душан и прашањето: „Сo кого зборуваш?” После одговорот: „Со мама“, почна да вика, и притоа јасно слушнав: „Нели ти реков да не го допираш мојот телефон!?, заклучи пејачката.

 

 

 

 

(Visited 4.854 times, 1 visits today)