Сопругот на една од најпознатите фолк пејачки во земјава распали на социјалните мрежи.
Анета Мицевска или како што народот ја познава, Анета Молика, е пејачката со најдобар вокал на македонската естрада.
Повеќе од 25 години настапува со групата „Молика“, па токму затоа и народот ја препознава како Анета Молика.
Во групата е и нејзиниот сопруг Џими кој деновиве распали на социјалните мрежи се пожали на високите сметки од ЕВН.
„Сигурно дека не прават будали од ЕВН. За деловен објект кој не работи воопшто ми дојде струја 3600 денари, не ми е јасно зошто“ напиша Џими на Фејсбук, по што следеа низа коментари.
На високи сметки се пожалија многу граѓани, а една од нив беше и Весна Петрушевска-Бејби која пак во знак на „протест“ излезе пред ЕВН и објави видео дека е сама и праша кај се останатите.
Инаку Џими е и менаџер на групта Молика, а често освен во Македонија и регионот, настапуваат и во дијаспората.
Тие се вистински пример дека парови и тоа како успешно можат да пловат во брак иако ја имаат истата професија.
Во брак се 18 години, а претходно биле 1 година во љубовна врска.
Во едно свое интервју пејачката кажа дека нивната љубов е цврста и силна како и првиот ден.
„Љубовта кај нас сè уште постои исто како да сме на почетокот. И што е најважно од се ние имаме разбирање и покрај тоа што сме заедно 24/7. Му благодариме на Господ што до сега во ниеден сегмент од нашето живеење ништо не ни е досадно“, изјави Анета.
Круна на нивната љубов е нивната ќерка Моника, која убавината ја има наследено од својата мајка. Иако е доста талентирана за музика, таа сепак одбрала медицината да биде нејзина професија.