Сопругот и малата Хана ја чекаат Тамара на аеродромот, поради невреме авионот не можел да слета – погледнете дел од атмосферата во живо

На скопскиот аеродром пристигнаа и сопругот на Тамара, Александар Димитровски, заедно со нивната ќерка Хана и ја чекаат да се врати од Тел Авив.

Фото: Фејсбук/ Тамара Тодевска

На аеродромот има поставено и бина на која Тамара ќе се обрати до своите обожаватели, но и ќе ја отпее песната „Proud“ со која го освои осмото место.

Фото: Фејсбук/ Тамара Тодевска

Тамара и Александар се во брак четири години, а покрај тригодишната Хана имаат и тримесечен син.

ADVERTISEMENT

Нејзините обожаватели веќе се на аеродромот, а на лице место е и екипата на 1 ТВ кои ќе ја пренесуваа атмосферата во живо. Погледнете го дочекот

Инаку Тамара требаше да слета уште во 21 часот, но поради временските неприлики, односно силниот ветер, слетувањето беше одложувано постојано. По неколкуте неуспешни обиди, авионот со македонската делегација се упати кон Приштина каде што слета успешно.

Инаку, Тамара може да пристигне во секој момент…

 

 

Facebook Comments
(Visited 9.456 times, 1 visits today)